Календар на природни феномени што се гледаат само во одреден период од годината

Камења кои се тркалаат сами, пустина што цути, сонце што никогаш не заоѓа… Можеби овие нешта ви звучат како дел од филм, но можете да ги видите и на нашата планета. Важно е само да го погодите вистинскиот период.

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-01.jpg

За вашето следно патување, сигурно ќе ви користи овој календар на природни феномени:

Јануари: Замрзнати меури под езерото Абрахам

Во лето, езерото Абрахам изгледа како и секое езеро на планетата. Но она што можете да го видите во зима е вистинска магија.

Бактериите што живеат на дното на езерото емитуваат големо количество од гасот метан. Гасот замрзнува во вид на меури, кои се видливи под кристалниот мраз.

Локација: Езеро Абрахам, Алберта, Канада

Кога: Од декември до февруари

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-02.jpg

Февруари: Огнениот водопад во Јосемити

Сите сме виделе водопад, но дали сте виделе огнен водопад? Еден ваков водопад се наоѓа во националниот парк Јосемити.

Кон крајот на февруари, зраците на сонцето го осветлуваат водопадот на тој начин, што изгледа како да е направен од оган, а не вода.

Локација: Долина Јосемити, национален парк Јосемити, Калифорнија, САД

Кога: Втората половина од февруари

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-03.jpg

Март: Јато сколовранци

Сколовранците се собираат во огромни јата и можат да прават неверојатни трикови во воздух.

Јатото се движи како да е еден огромен организам, а не илјадници одделни птици.

Според експертите, сколовранците го прават ова за да разменуваат информации и за да ги збунат нивните предатори.

Локација: Велика Британија

Кога: Од јануари до март

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-04.jpg

Април: Цутот на вистерија

Сигурно досега сте слушнале за јапонските црешови дрва и нивните цветови, но ова не е единственото дрво во Јапонија што изгледа магично.

На пролет, можете да прошетате низ магичните тунели направени од цветовите на дрвата вистерија. Боите на цветовите можат да бидат црвен, виолетови, жолти и бели.

Ако некогаш сте посакале да влезете во бајка, ова е можноста што сте ја чекале.

Локација: Јапонија

Кога: Од средината на април до средината на мај

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-05.jpg

Мај: Синхронизирани светулки

Синхронизираните светулки можат да се најдат само на неколку места на планетата. Па, ако сакате да ги гледате, ќе имате вистинска авантура.

Кога им е сезона на парење, илјадници светулки се собираат и прават вистинско лајт шоу.

Локација: Националниот парк Грејт Смоуки Маунтинс, САД

Кога: Од мај до јуни

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-06.jpg

Јуни: Кози „искачувачи“

Козите кои се качуваат на дрва изгледаат навистина надреално. Но, го прават ова со причина.

Дрвата на кои се качуваат козите се всушност арганови. Нивните овошки зреат околу јуни, па гладните кози се качуваат за да ги јадат.

Понекогаш можете да видите и дузина кози на едно дрво.

Локација: Мароко

Кога: Јуни

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-07.jpg

Погледнете ги останатите феномени на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе -... Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на не...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...

Најчитани неделава