Корисни трикови како да трошите помалку пари на патувањата (и повеќе да патувате)

Tрик 1: Наместо да патувате во ек на сезона, одберете некој помирен период од годината, кој не само што ќе ви овозможи поразлично искуство, туку ќе ви овозможи за помалку пари да видите што е можно повеќе.

nekolku-trikovi-za-evtino-patuvanje-koi-mozat-da-vi-se-najdat-01.jpg

Сите гледаме добро да си го планираме буџетот за патување, да бидеме подготвени за непланирани ситуации, кои многу често знаат да се појават кога сме надвор од дома, да одвоиме сума за да си ги задоволиме личните каприци или едноставно да се препуштиме по ноќните клубови и како тинејџери да се „заборавиме“ од забава и танцување.

Но, колку и да велиме дека не нè засега ништо друго, секогаш кога имаме можност да заштедиме некој денар, со големо задоволство го правиме тоа.

Следуваат неколку трикови за вашето патување да биде уште поевтино:

Наместо да патувате во ек на сезона, одберете некој помирен период од годината, кој не само што ќе ви овозможи поразлично искуство, туку ќе ви овозможи за помалку пари да видите што е можно повеќе.

nekolku trikovi za evtino patuvanje koi mozat da vi se najdat 6

Ако мислите дека нема да ви стигнат парите, јадете го она што го јадат локалците. Можеби идејата да јадете во ексклузивни ресторани звучи примамливо, но не предавајте толкаво значење. Со полни стомаци, секое патување е убаво!

nekolku trikovi za evtino patuvanje koi mozat da vi se najdat 4

Ако не сакате да спиете со непознати луѓе во хостели, а не можете да си дозволите преноќување во хотел, тогаш совршена средина е да си обезбедите сместување преку Airbnb. 

Или во краен случај – CouchSurfing. Последната можност е најдобрата според мене. Ем имаш каде да спиеш, ем се дружиш со локалци и од прва рака ги дознаваш работите за местото.

nekolku trikovi za evtino patuvanje koi mozat da vi se najdat 3

За делење на трошоци постојат уште многу опции, како што се BlaBlaCar, каде патувате од една до друга дестинација со непознати луѓе, ама за многу пониска цена.

Тука може да се вметне и EatWith, самиот наслов кажува сè.

nekolku trikovi za evtino patuvanje koi mozat da vi se najdat 5

И во краен случај ако добро се снаоѓате со работа на компјутер, тогаш заработувајте додека патувате. 

Според мене тоа е најсигурен начин да не останете без скршен денар, а истовремено да се чувствувате продуктивни и духовно исполнети.

 Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе -... Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на не...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg