Скулптури и статуи ширум светот за кои луѓето веруваат дека ако ги допрат, ќе им донесат среќа

Статуата на Фала во Вашингтон, САД

Фала е куче од расата шкотски териер кое му припаѓало на претседателот Франклин Д. Рузвелт. Статуата е поставена покрај стапалата на неговиот сопственик во меморијалниот центар за Франклин.

Некои веруваат дека ако го допрете носот на кучето, ќе ве следи среќа. Други сметаат дека допирањето на ушите ќе ви донесе богатство. Па, најдобро е да ги допрете и двете, за секој случај.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-09.jpg

Статуата на Марин Држиќ во Дубровник, Хрватска

Марин е хрватски писател кој денес е познат и како хрватскиот Шекспир.

Во Стариот град на Дубровник се наоѓаа статуа од него, а локалните жители веруваат дека допирањето на носот ќе ви донесе среќа.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-10.jpg

Градските музиканти во Рига, Латвија

Оваа статуа е инспирирана од истоимената бајка на браќата Грим, која раскажува за 4 животни кои избегале од дома за да станат музичари.

Се верува дека ако го допрете носот/клунот на секое од животните, ќе ве следи среќа.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-11.jpg

Џон Харвард во Масачусетс, САД

На Универзитетот Харвард има скулптура од неговиот основач, за која се верува дека има „среќно лево стапало“.

Најчесто студентите ја допираат левата нога на статуата, со надеж дека ќе им помогне да ги положат испитите.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-12.jpg

El Caballero de Paris во Хавана, Куба

Ако го посетите Стариот град во Хавана во екот на сезоната, дефинитивно ќе ја испуштите оваа скулптура. Статуата претставува човек кој оди и кој навистина се губи помеѓу туристите и уличните изведувачи.

За статуата се верува дека е инспирирана од маж по име Хосе Мариа Полез Једин, односно Џентлменот од Париз – личност која често се движела низ улиците на Хавана во 20-тиот век.

Според легендата, ако ја допрете брадата на статуата и си замислите желба, желба ќе би се исполни.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-13.jpg

Статуата на Ислај во Сиднеј, Австралија

Ислај е едно од кучињата што ги чувала кралицата Викторија, а оваа скулптура во негова чест се наоѓа Сиднеј.

Интересно е што статуата зборува. Односно, пуштена е снимка од „гласот на кучето“ кое бара пари.

Се верува дека оние кои ќе го послушаат и ќе донираат, ќе бидат наградени со исполнување на некоја желба.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-14.jpg

Il Porcellino во Сиднеј Австралија

Оваа скулптура е иста како свињата во Италија, само што е лоцирана во Сиднеј.

И овојпат, свињата „јаде“ парички и исполнува желби. Разликата е што парите дадени овде се донираат за болницата пред која се наоѓа статуата.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-15.jpg

Јован Непомучки во Прага, Чешка

На Карловиот мост во Прага се наоѓаат неколку статуи, а онаа на Јован Непомучки е осма кога се движите од Стариот град кон замокот.

Статуата е поставена на местото на кое светецот Јован бил фрлен од мостот и убиен.

Ако ја допрете плакетата под десната рака на статуата, желбата што ќе си ја замислите ќе ви се исполни.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава