6 работи што не сте ги знаеле за земјата во која мажите сакаат да носат „здолништа“

За Шкотите е познато дека носат килт, а правилата велат дека под килтот не се носи - ништо. Традицијата на облекување на килтови потекнува од војската. Оние што биле фатени со долна облека, морале да ја предадат. 

6 raboti sto ne ste gi znaele za zemjata vo koja mazite sakaat da nosat zdolnista 01

Со текот на времето, ситуацијата се смени. Но што точно знаеме за Шкотска? Освен предрасудите дека жителите се сиромашни, дека носат килтови и дека не ги сакаат Англичаните.

Следниве работи ќе ве изненадат, а можеби и малку поинаку ќе ја гледате Шкотска.

Неси не е единственото чудовиште од езерото

Многумина слушнале за легендарното чудовиште од езерото Лох Нес, познато по неговото едноставно име - Неси. Неси е вистинска атракција, но дали знаевте дека Неси има роднина која живее во езерото Морар, што се вика Мораг?

Мораг е „виден“ досега 34 пати, додека езерото Нес многу луѓе го истражувале, езерото Морар не е толку популарно, па којзнае, можеби има нешто таму...

Земја на црвенокосите

Колку црвенокоси луѓе познавате? Можеби неколку а можеби и ниту еден. Па, ситуацијата е многу различна во Шкотска. Додека во светот црвенокосите луѓе сочинуваат од 1 до 2 проценти, во Шкотска дури 13 проценти од луѓето ја имаат оваа боја на коса.

6 raboti sto ne ste gi znaele za zemjata vo koja mazite sakaat da nosat zdolnista 02

„Не е докажано“

Од 17 век шкотскиот судски систем има три вида пресуди - виновен, невин и не е докажано. Третата опција обично се користи кога судот не може да докаже нечија вина или невиност.

Сини светла

Сините светла на улиците на Глазгов се поставени за подобрување на целокупниот изглед на градот, но истражувањата покажале многу интересни работи поврзани со нив. Поточно, откако се поставени сините светла, се намалил бројот на злосторства и самоубиства.

Психолозите ова го припишуваат на фактот дека синото е честопати поврзано со полицијата, што ги прави луѓето повнимателни.

Бонибриџ, село кое го посетиле вонземјани

Шкотска е толку популарна кај туристите што ја посетуваат дури и вонземјаните, така што повеќе од 300 луѓе годишно пријавуваат дека виделе НЛО. Да речеме дека Бонибриџ е рекордер во овие видувања.

6 raboti sto ne ste gi znaele za zemjata vo koja mazite sakaat da nosat zdolnista 03

Земја на острови

Шкотска може да се пофали со голем број острови. Вкупно има 790, а населени се само 99. Мнозинството живее на северот на Велика Британија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе -... Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на не...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg