Не смее да зборувате на телефон во ресторани, нема ценкање - 7 грешки кои не треба да ги правите во Јапонија

Во Рим како Римјанин, во Јапонија како Јапонци! За подобро да се вклопите во Земјата на изгрејсонцето, треба да стекнете и некои јапонски навики.

7 greski sto skapo ke gi platite vo Zemjata na izgrejsonceto 01

Секако, тоа не значи дека ќе очајувате ако задоцните една минута, но верувајте, следејќи ги следниве совети несомнено ќе имате подобар престој во оваа фасцинантна земја.

Недостаток на бонтон

Едно од првите работи што е невозможно да не се забележи во Јапонија е секако голема љубезност.

Ова значи дека и вие треба да возвратите на истата. „Konichiwa“ (добар ден), „konbanwa“ (добра вечер) и „arigato“ (благодарам) се зборови што нема да ве изневерат во Јапонија.

Седење напред во такси

Тука таксистите се држат до две едноставни правила. Првото е дека клиентот секогаш се вози на задното седиште, а прифатливо е да седне напред само ако нема место.

Втората работа се однесува на отворање на задната врата. Вие не ги допирате и не ги отворате, вратите се отвораат автоматски.

Влегување со чевли

Во јапонските домови, но исто така и во одредени храмови и традиционални ресторани, задолжително е да ги соблечете чевлите.

7 greski sto skapo ke gi platite vo Zemjata na izgrejsonceto 02

Гласни телефонски повици

Исклучете го звукот на мобилниот телефон кога сте во ресторани, продавници и во јавен превоз.

Во овие места не е пристојно да се зборува на телефон.

Преговарање околу цените

За разлика од Мароко или Турција, каде преговарањето околу цената се смета за дел од културата, во Јапонија ова не е обичај, иако на некои пазари можете да добиете попуст.

Игнорирање на „oshiboro“ (топлиот пешкир)

Кога се наоѓате во ресторан, не мора да одите да ги миете рацете во тоалетот пред јадење.

Имено, ќе добиете топол пешкир (oshiboro) со кој треба да ги исчистите рацете пред да почнете со оброкот.

7 greski sto skapo ke gi platite vo Zemjata na izgrejsonceto 03

Непочитување на редот

Кога точите вино или саке, не заборавајте да ја наполните својата чаша на крај.

Исто така, не заборавајте да викнете „кампаи“ (на здравје) пред да пиете!

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg