Места во светот каде нудат специјални финансиски услови за да привлечат население

Градот Кандела, кој се наоѓа во италијанската Апулија, порано бил нарекуван „малиот Неапол“, главно заради неговите весели и преполни улици. Но, не е тешко да се претпостави дека, за жал, овој прекар повеќе не се користи.

Ovie mesta vo svetot ke vi platat za da se preselite tamu 01

Уште во 1990-тите, градот бил дом на 8.000 луѓе, а денес во него живеат нешто помалку од 3.000 жители.

Понекогаш потрагата кон авантура или деловна можност може да звучи примамливо, па ако размислувате да се преселите, можеби не е лошо да ги вклучите следниве дестинации што се подготвени да ви „платат“ за тоа:

Вермонт, САД

Да, звучи малку чудно што американската држава Вермонт, позната по своите езера, шуми и убава природа, мора да ги привлече луѓето со пари. Вермонт е втора најмалку населена американска држава (веднаш по Вајоминг).

Сите оние кои работат таму најмалку две години, можат да достигнат плата и до 5.000 американски долари. Па, ако сакате да патувате во далечната Америка, можеби решението е Вермонт!

Ovie mesta vo svetot ke vi platat za da se preselite tamu 02

Сантјаго, Чиле

И главниот град на оваа јужноамериканска земја е во потрага по луѓе. Сантјаго стана пожелен за инвеститорите, со оглед дека од 2010 година, властите нудат најмногу 40.000 американски долари за да помогнат во започнување бизнис.

Во моментов постојат два програми - едната е за стартап компании започнати од жени, а другата за стартап компании помлади од 3 години. Оние кои влегуваат во натпреварот добиваат туристичка виза, но и можност да живеат помеѓу Андите и Пацификот.

Ovie mesta vo svetot ke vi platat za da se preselite tamu 03

Сицилија, Италија

Властите на малиот сицилијански град Самбука решиле да го спасат градот со продавање на недвижнини за 1 евро.

Имено, градот што бори 6.000 жители и што дури бил прогласен за најубав град во Италија во 2016-та, се соочува со проблемот депопулација. Причината е тоа што жителите се селат во поголемите градови. Затоа, пак, властите ги нудат имотите практично бесплатно.

Ovie mesta vo svetot ke vi platat za da se preselite tamu 04

Топека, САД

Главниот град на Канзас има програма наречена „Choose Topeka“, која има за цел да привлече нови жители. Можете да добиете до 15.000 долари ако купите куќа или 10.000 долари доколку изнајмите куќа.

Ovie mesta vo svetot ke vi platat za da se preselite tamu 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава