Лоши пицерии, врски за вработување - Како изгледа животот на доселениците во Италија?

Италијански венчавки

Италијанците испраќаат две покани за нивните венчавки – една за венчавката во црква, и една за прославата после регистрацијата на бракот. Па, слободно можете да отидете на едниот настан, а да го испуштите другиот.

Сепак, ако одбиете да се појавите во црквата без некоја причина, можно е да ги навредите младоженците. Италијанците сакаат да им покажете почит, па најдобро е да присуствувате на двата настани.

Пред венчавката, за младоженците е неопходно да одат на „подготвителен курс“ во црквата. Интересно е што младите парови неретко ги прашувале свештениците што мисли папата за контрацепцијата.

Пред венчавката, младиот пар треба на направи pubblicazioni – еден вид плакат кој се поставува на фасадата на црквата или собранието. На овој плакат стои најава за нивната венчавка. Според традицијата, ова се правело најмалку 8 денови пред венчавката, за ако некој има нешто против овој брак да може да ургира навреме.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-06.jpg

Деца полиглоти

Добро е што ако се преселите во Италија со деца, тие многу брзо ќе го научат јазикот.

Па, вашите деца ќе знаат македонски, италијански и, најверојатно, англиски.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-07.jpg

Животот во Италија

- Во традиционалните семејства, жените ретко работат надвор од дома. Односно, тие им се целосно посветени на децата и домот. Според Олга, наоѓањето рамнотежа помеѓу работата и семејството во Италија може да биде вистински предизвик, најмногу бидејќи сите градинки се затворени до 16:30. Покрај тоа, 50% од Италијанците кои одлучиле да имаат две деца не се враќаат на работа. А, во семејствата каде што жената работи дома, мажите воопшто не помагаат со куќните обврски.

- Кај помодерните парови, приходите најчесто се делат подеднакво. Веројатно младите Италијанки слушнале многу приказни од нивните мајки кои ги жртвувале нивните интереси за семејството. Истовремено, во Италија често се случувало жените да останат во несреќен брак поради финансиската зависност.

- Италијанците се грижливи татковци, па неретко ќе ги видите како си играат со нивните деца. За мажите било поважно да бидат добри татковци, наместо да имаат успешна кариера.

- Италијанците веруваат дека пивото ја засилува лактацијата кај доилките. Лекарите, се разбира, се обидувале да го искоренат ова верување, но без успех. Ова не значи дека доилките постојано се опиваат. Едноставно, никој не им вели ништо ако се напијат пиво за време на бременост или доење.

- Италијанците свиркаат кога и да посакаат. Најчесто ги свиркаат нивните омилени песни, а ова е навика што обично им припаѓа на постарите граѓани. Свиркањето не се смета за неучтивост, туку за забавна активност.

- Повеќето Италијанци без проблем дискутираат за лични теми во јавност. Слободно ќе кажат што им се случува или што ги мачи, без разлика каде се и со кого.

- Читањето книги не е никаква опсесија на Италијанците. Воглавно, 6 од 10 Италијанци не читаат ниту една книга годишно. Уште поинтересно е што според една анкета, многумина веруваат дека Данте Алигиери ја напишал „Ромео и Јулија“.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-08.jg.jpg

Заклучок

Италија никогаш нема да стане непривлечна на туристи. Повеќето италијански региони ја зачувале својата автентичност, а ова привлекува посетители од целиот свет.

Постојат и многу доселеници во Италија кои и покрај сите пречки, успеале одлично да се снајдат.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg