Лоши пицерии, врски за вработување - Како изгледа животот на доселениците во Италија?

Олга од Русија живеела во неколку држави, а на крај решила да се пресели во Италија.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-01.jpg

Многумина сонуваат да живеат овде, но изгледа дека, сепак, не е сè така „розово“.

Иако си има свои предности, животот во Италија, особено ако сте странец, и не е така лесен.

Во продолжение погледнете што научила Олга за животот во оваа држава.

За странците не е лесно да изградат кариера во Италија

Изгледа дека високото образование не ви гарантира добро работно место во Италија. Наводно, за да најдете добра работа, потребни ви се познаници и врски.

Но, кога прв пат ќе дојдете во државата, најверојатно нема да знаете никој. Покрај тоа, повеќето работодавци сакале лична препорака – нешто што е тешко изводливо во нова држава.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-02.jpg

Италијанците не им веруваат на странците

Нормално, постојат Италијанци кои ги сакаат туѓите култури и кои нема да ве гледаат како отпадник. Сепак, повеќето сакале да се дружат со нивни сограѓани, наместо со доселеници.

Поради ова може да ви биде тешко да стекнете нови познаници и пријатели и постои ризик да се чувствувате осамено.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-03.jpg

И во Италија има лоши пицерии

Италијанската кујна е разновидна, а секој регион е горд на своите рецепти. Каде и да отидете во Италија – Рим, Тоскана, Апулија, ќе најдете различни автентични јадења.

Но, дефинитивно, најпознатото италијанско јадење е пицата, па веројатно мислите дека токму овде ќе ја најдете совршената.

Без сомнение, Италијанците се експерти за правење пица, но не сите го имаат овој талент. И во Италија можете да најдете многу лоша пица.

Наводно, за да го одредите квалитетот на пицата, потребно е да ја пробате следниот ден. Ако нејзиниот вкус не е променет, тогаш станува збор за квалитетна пица.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-04.jpg

Италијанците не се многу директни

Наводно, кога разговарате со Италијанец, неретко ќе треба да погодувате што всушност сака да ви каже.

Италијанците ретко кога кажуваат нешто директно.

Истовремено, Италијанците сакаат да се обраќаат и да им се обраќате со титули, како професоре, адвокате и слично.

loshi-picerii-vrski-za-vrabotuvanje-kako-izgleda-zhivotot-na-doselenicite-vo-italija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg