Турција каква што не сте ја виделе – Шарената современа архитектура во најпознатите турски градови (фото)

Фотографот Јенер Торун навистина „има око“ за бои.

turcija-kakva-shto-ne-ste-ja-videle-sharenata-sovremena-arhitektura-vo-najgolemite-turski-gradovi-foto-01.jpg

Додека повеќето во урбаното опкружување гледаат само сивило и монотоност, Јенер размислува поинаку.

Овој турски фотограф студирал архитектура, а сега го минува времето лутајќи по улиците на Истанбул со цел да ги најде најшарените градби.

Јенер всушност докажува дека и урбаната архитектура може да биде живописна.

Композицијата на неговите фотографии е неверојатна и секое дело изгледа како од филм.

Сепак, фотографот долго време работел со дизајн пред да почне да фотографира, а неговото искуство се забележува во фотографиите.

Денес Јенер има над 200.000 Инстаграм следбеници, а решил да ги истражува и другите турски градови - Анкара, Измир, Анталија…

Јенер се фокусира на модерната архитектура, наместо на многуте турски споменици, и ни дава сосема нова перспектива на Истанбул и Турција.

„Можете да најдете нешто инспиративно на секој крај од градот. Нема секојпат да откривате нешто убаво, но сигурно ќе најдете нешто оригинално“, вели фотографот.

„Сметам дека моите дела нудат алтернативен поглед кон Истанбул, па дури и Турција, и им помагаат да луѓето да добијат пореална перцепција за него.“

Погледнете ја шарената Турција низ објективот на Јенер:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава