Шармантно кафуле во Белгија создадено за Инстаграм фотки

Неодоливиот розов ентериер, слатки детали, цвеќиња и шарени колачиња – кафулето MOOY во Антверп, Белгија, е инспирација за најубавите Инстаграм фотки на блогерките.

sharmantno-kafule-vo-belgija-za-neodolivi-instagram-fotki-01.jpg

Ако патот ве води во Белгија, задолжително посетете го ова бистро. Местенцето е комбинација од бистро и продавница за природна козметика.

Овде можете да пиете вкусни чаеви, да ги пробате неодоливо фотогеничните колачиња и сендвичи, и да уживате во цветниот ентериер.

Секој детаљ е смислен за внимателно да се вклопи во ентериерот – од салфетките, светлечките знаци на ѕидовите, прекрасниот прибор за јадење во розово златна нијанса...

Бистрото нуди оброци направени само од здрави сезонски состојки.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...
Руфтоп бар во Прага е инстаграмџиски рај - Се наоѓа на врвот од „Танцувачката куќа“ (фото) Дали и вие сте меѓу Македонците кои на листата за посета ја имаат Прага периодов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg