Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дистописко село, бункери, тајни пештери – интересни локации кои постојат во Белгија

Белгија е од оние релативно мали држави, но истовремено е и дом на многу интересни атракции, кои знаат да го привлечат внимание на патниците. 

distopisko selo bunkeri tajni pesteri interesni lokacii koi postojat vo belgija 6

Оние коишто сакаат да побегнат од класично туристичко разгледување, далеку од гужвите и сообраќајниот метеж, постојат бројни места и скриени активности, кои подеднакво ќе ви го задржат вниманието.

Во близина на Антверпен се наоѓа селото Доел, кое на луѓето им е познато како необично место за оние кои бараат дистописки атракции.

Додека луѓето се отселувале од Доел за да направат простор за нови згради кои биле потребни за пристаништето, се појавила нова форма на живот и тоа преку улична уметност.

Со текот на годините, многу уметници ги искористиле зградите како свое платно, пресликувајќи го сопственото незадоволство.

distopisko selo bunkeri tajni pesteri interesni lokacii koi postojat vo belgija 4

Оние кои сакаат бункери и слични работи, можат да си дозволат и такво искуство. Плашејќи се од напад на Советски Сојуз во 1950-ти години, белгиската влада одлучила да изгради таен бункер длабоко во село. 

Kemmel Command Bunker останал во тајност со децении, кој за среќа никогаш не бил искористен. Сега на посетителите им се нуди можност да патуваат низ времето и од прва рака да го почувствуваат пулсот на тие години.

distopisko selo bunkeri tajni pesteri interesni lokacii koi postojat vo belgija 1

Ако патот ве одведе во Лиеж, тогаш препуштете се на искачувањето на Bueren Mountain, која не е планина во вистинска смисла.

Станува збор за искачување на 374 скалила, кои ќе ви овозможат неверојатен поглед откако ќе се искачите на врвот. Овие скалила биле изградени во 1800-тите години за да се обесхрабрат морнарите да стигнат до улицата на црвените фенери.

distopisko selo bunkeri tajni pesteri interesni lokacii koi postojat vo belgija 2

Пештерите Ремушамп во Белгија се привлечна атракција за оние кои бараат понеобични места за посета. Служејќи како засолниште на ловци пред илјадници години, пештерите уште тогаш имале разновидни геолошки формации и бои во кои ловците уживале на времето, а посетителите можат да уживаат во нив и ден-денес.

distopisko selo bunkeri tajni pesteri interesni lokacii koi postojat vo belgija 3

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео) Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg