5 англиски села кои изгледаат како да излегле од романите на Агата Кристи

Иако Лондон е најатрактивната дестинација во Велика Британија, има нешто што едноставно ги воодушевува посетителите на британските села.

5-angliski-sela-koi-izgledaat-kako-od-roman-na-agata-kristi-01.jpg

Еве неколку од најинтересните автентични, но и уникатни села, кои се истакнуваат со нивниот британски шарм:

Место со необична колекција

Во областа Котсволд Хилс во Глостершир се наоѓа зелено село со типични камени куќи, чиј шарм го пополнува интересна викторијанска црква. Ова британско село е познато по прекрасните полиња со лаванда и колекцијата на ексцентричниот Чарлс Вејд.

Оваа необична колекција од играчки, мебел, музички и други предмети од овој познат архитект, поет и колекционер е отворена за посетителите.

5 angliski sela koi izgledaat kako da izlegle od romanite na Agata Kristi 02

Родното место на познатиот поет

Селото Грасмир е дом на поетот Вилијам Вордсворт. Сместено е во округот Камбрија, во рамките на планинскиот предел на Лејк Дистрикт.

Ова симпатично село може да се пофали со наградуваната продавница за чоколади The Chocolate Cottage, како и светски познатата продавница Sarah Nelson's Grasmere Gingerbread.

5 angliski sela koi izgledaat kako da izlegle od romanite na Agata Kristi 03

Изградено според италијанските села

Селото Портмеирион во Јужен Велс било дизајнирано во 20 век, од страна на ексцентричниот британски архитект Сер Вилијамс-Елис, и тоа во стилот на италијанските села. Во селото владее посебна медитеранска атмосфера, со богато украсени градини и архитектонски стилови од класицизам, па сè до барок.

5 angliski sela koi izgledaat kako da izlegle od romanite na Agata Kristi 04

Најубавото село во Англија

Комбе е село кое честопати се нарекува „најубаво село во Англија“ и се наоѓа во Котсволдс. Често се користи како локација за снимање филмови поради својата историја. Домашните колачи, слатките, свежото цвеќе, како и прекрасниот поглед, ги воодушевуваат сите посетители.

5 angliski sela koi izgledaat kako da izlegle od romanite na Agata Kristi 05

Домашна атмосфера

Опкружено со зелени полиња и цветни ливади, селото Аскриг во Јоркшир Далс е познато по своите штали од 18 век, шармантните продавници и фантастичните англиски пабови кои служат традиционални јадења и локално пиво.

Пријатната атмосфера на овие места и угостителството се дел од нештата што треба да се доживеат.

5 angliski sela koi izgledaat kako da izlegle od romanite na Agata Kristi 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg