„Мислев ме чека магија, но во јануари спиев во иглу во Финска и се разочарав“
„За тие пари очекував луксуз и иако беше прекрасно, цената е превисока за тоа што го добив“, вели Рејчел за престојот во иглу во Финска.

Престојот во иглу во Финска изгледа како сцена од бајка и е желба која многумина си ја посакуваат.
Рејчел Хози успеала да си го реализира овој сон и иако вели дека било магично има многу работи кои ја разочарале.
Во јануари од Хелсинки одлетала до селото Ivalo во Арктичкиот Круг и престојувала во стаклено иглу.
Престојот во Лапонија вели дека никогаш нема да го заборави, но сепак се жали на одредени работи.
Искуството на Рејчел:
Откако пристигнав добив мапа од селото и санка за да ги пренесам моите куфери до иглуто. Маневрирањето со санката беше тешко, а со мапата не можев да се снајдам, а околу мене немаше кој да прашам за насока.


Иако изгледа дека сте среде пустелија, околу вас има и други иглуа, но за среќа од прозорецот не ги гледате.

Не ми се допаѓаше ентериерот на иглото, имаше црвен килим, прекривки со зебра дезен и беше малку застарено комплетното уредување.


Во иглуто нема многу простор, па треба да се снаоѓате.

Во склоп на ова иглу немаше туш, па морав да го користам заедничкиот простор, каде покрај туш има и сауна. Но, некои други имаат туш во иглуто.


Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т...
„Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото)
Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с...
„Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...
Новогодишната магија во Париз започна – елката во Галерија Лафајет е како завиткан подарок (фото+вид...
Вчера блесна елката во Галеријата Лафајет во Париз и официјално започна божиќнат...
