Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вљубените канделабри: клупа која крие романтична приказна

Во малата зелена оаза на хотелот Sundial Boutique Hotel во Загреб, вниманието е свртено кон двете вљубени канделабри на клупата.

vljubenite-kandelabri-klupa-koja-krie-romanticna-prikazna-01.jpg

Шармантната приказна за овие светилки ја раскажува директорот на хотелот Антонио Кризиќ.

„На почетокот, овој хотел се викаше Sundial Garden Rooms, па сакав да имаме убава градина. Поставивме осветлување, го уредивме паркингот и сместивме една клупа. Секоја вечер ја поливав градината.

Забележав дека секој ден двајца млади седат прегрнати на нашата клупа. Прво мислев дека се од нашите гости. Но, подоцна сфатив дека доаѓаат од надвор. Момчето доаѓаше со велосипед, а девојката пешки.

Еднаш таа ме сретна и ме праша дали можат да доаѓаат и да си седат на клупата. Секако дека им дозволив. Ова траеше цело лето. Веќе се навикнав на нивното присуство.“

Кога ги здогледал еден ден дизајнираните заљубени канделабри, директорот на хотелот со задоволство ги купил и ги поставил на оваа клупа.

„И ние светиме кога сме заљубени. Овие ламби ме потсетија на младиот пар, а им се допаѓаат и на сите гости. Ова е омилено место за фотографии во нашата градина“.

vljubenite-kandelabri-klupa-koja-krie-romanticna-prikazna-02.jpg

Прочитајте и: Бесконечно морско синило – Инстаграм профил ве води на прошетка низ хрватските плажи (фото)

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
6 романтични дестинации во Европа, идеални за патување со партнерот Зошто да не го поминете Денот на вљубените во Париз кој важи за најромантичниот ...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg