Светот ни се руши пред очи: 8 природни убавини кои повеќе не постојат

Некои уништувања се последица на климатските промени, а сето тоа заедно е претежно дело на човечката рака.

svetot-ni-se-rushi-pred-oci-8-prirodni-ubavini-koi-povekje-ne-postojat-001.jpg

Светот е ранлив во моментов, а за тоа имавме 8 предупредувачки знаци.

Кои убавини ги изгубивме во последниве неколку години и децении?

1. Плажата Каиму на Хаваи

По ерупцијата на вулкан во 1990 година, некогашната прекрасна плажа остана покриена со тони вулкански песок.

2. Соломонски острови

Во 2016-та година, нивото на морето се подигна и потопи 5 острови од групата на Соломонски острови.

3. Плажата Легзира во Мароко

Црвените карпи со децении ги воодушевуваа туристите, додека пред 3 години една од нив не се сруши целосно и колабираше во водата.

4. Леден гребен на Антарктикот

Она што до пред само 20-30 години се сметаше за вечно замрзнато, денес се топи и распаѓа.

5. Азурниот прозорец на Малта

Илјадници години му требале на морето за да го направи фантастичниот прозорец од карпи, а во 2017-та само за неколку минути беше комплетно срушен.

6. Тунел стеблото во Калифорнија

Постоело над 1.000 години низ кое била направена стаза, но во 2017-та година ја загубивме и оваа природна убавина во светот, поради невреме.

https://www.facebook.com/ScientificsDirect/photos/a.273350343952/10154903500008953/?type=3

7. Најизолираното дрво во Нигерија

Долга низа на години дрвото било рекордер по својата издржливост, со оглед на тоа што во пустина единствено тоа преживувало со години. Следното живо растение било забележано на 400 километри подалеку. Но, пијан возач во 1973-та година се удрил во него со камион и засекогаш го уништил.

8. Националниот парк 12 апостоли, Австралија

Од сите карпи денес има само 8, а последната настрада во 2005-та година како последица од удар на морето, односно од голем наплив на бранови од Антарктикот. Ова се случувало пред очите на туристите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg