Мистеријата обвиена околу „Змискиот Остров“ во Преспанско – дивина со флора и фауна каде што ретко стапнува човек (фото)

Голем Град (Змиски Остров или уште познат како Св. Петар) е остров во Преспанското Езеро и претставува најголемиот природен остров во нашата земја. Искачувањето на островот е можно само од две места, на северозападниот и на југоисточниот крај, каде постојат мали плажи и пукнатини во карпите до кои може да се пристигне со чамец.

Misterijata-obviena-okolu-Zmiskiot-Ostrov-01.jpg

Островот Голем Град се наоѓа на околу 2 км од брегот на езерото. Има елипсовидна форма со должина од 750 m и ширина од 450 m. Од сите страни островот е заобиколен со карпи и ридести врвови со височина од 20 до 30 метри.

Денес е ненаселен со луѓе, царува само флората и фауната и според исказите на многумина, ова е домот на змиите од каде што потекнува и името на островот. На него живеат два вида на змии, неотровната белоушка и отровната змија поскок.

Но, во минатото, луѓето живееле во симбиоза со природата и граделе живеалишта, храмови и пристаништа. Најстарата цврста архитектура на островот датира од пред 2.200 години, додека пак најстарите гробови на жителите на островот се уште постари – од пред 2.500 години. Ова значи дека населбата сигурно била и неколку векови постара.

На островот, иако на релативно мала површина, пронајдени се остатоци од цркви и базилики, а во некрополите е пронајден златен, сребрен и бронзен накит. И покрај досегашните сознанија, островот Голем Град е сè уште недоволно истражен, но и прилично опасен. Постоеле два обиди за уништување на змиите, со ежови и мунгоси во минатото, но не бил постигнат некој значаен успех.

Островот продолжува да опстојува со сета своја дива и неоткриена убавина, како да му пркоси на времето и цивилизацијата… како изгледа денес?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава