Го славиме прогласувањето на Осоговските Планини за заштитено подрачје со најубавите фотки на Инстаграм

Дел од 48.807,16 хектари од Осоговските Планини конечно е прогласен за заштитено подрачје во категорија V, односно заштитен предел поради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните и други вредности.

Osogovski-Planini-zashtiteno-podracje-01.jpg

Иницијативата Осоговските Планини да се истражат и да се стават на картата на заштитени подрачја од Македонско Еколошко Друштво (МЕД) е започна во далечната 2006 година, а 14 години подоцна, сонот стана реалност.

Оваа одлука беше донесена на 21-та седница на Владата на 17-ти ноември 2020, а во соопштението стои:

Владата на оваа седница донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата.

Вкупната површина на Заштитен предел - Осоговски Планини изнесува 48807,16 хектари, a со него ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“.

Денес ја славиме убавината на природата и истрајноста, со надеж дека многу вакви прекрасни предели во Македонија наскоро ќе станат дел од заштитените подрачја:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава