Крчин – нереална, планинска убавина со ендемски вид на македонски каранфил (фото)

Крчин e планина која го маѓепсува окото на набљудувачот. Се протега во западниот дел на Македонија и дел во Албанија. Таа е природно продолжение на планината Дешат и претставува дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

Krchin-nerealna-planinska0ubavina-01.jpg

Планината е обилно покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува бука, а на прекрасниот Крчин расте ендемски вид на македонски каранфил кој може да се најде исклучиво само на оваа планина.

За искачување на врвот Голем Крчин се тргнува од селото Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Искачувањето може да трае повеќе часови и можеби ќе ви изгледа мачно, но она што ќе ве дочека таму брзо ќе ве натера да заборавите на „маките“.

Крчин е апсолутно нереална, планинска убавина, а фотките се повеќе од очигледен доказ:

Уште 7 фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава