Зошто секогаш му се враќам на Кратово: Мостови од турски период, тесни улички, пастрмајка и необични легенди

Многумина велат дека малите гратчиња поседуваат скриена убавина. Далеку од турканиците и метежот, далеку од забрзаниот начин на живот и од зачмаеноста со која се соочуваме секојдневно… Такви гратчиња имаме и во Македонија, а едно од нив е Кратово.

skrienata ubavina na maloto gratce kratovo i negovite tesni uliccki mostovi i kuli 2

Се сеќавам уште на времето кога дедо ми ми раскажуваше приказни, ми спомнуваше дека овој град во североисточниот дел на Македонија се наоѓа токму на изгаснат вулкан. Тоа беше доволно за да ја разбуди фантазијата на едно дете, која сè уште тлее во заднина.

Кога и да помислам на Кратово прво нешто што ми се појавува во главата се тесните улички, кулите и мостовите. Штом еднаш ги посетив, постојано им се навраќам.

Иако до сега во Кратово имам одено неколкупати, секогаш ми е интересно. Можеби некој ќе рече дека е мало место, ама успевам да забележам нешта што претходно ми се има скриено.

На последна посета во Кратово бев со еден пријател од Штип, Стефан Катранџиски – @stefzn_ со кого направивме интересни фотографии, баш по наш вкус.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Кога и да сум таму секогаш долго се задржувам низ тесните и стрмните улички пред да седнеме и да каснеме нешто. Кога сум во можност сакам да разменам збор-два со мештани, посебно со сопствениците на традиционалните занаетчиски дуќани, или да се најдам со познаници од Кратово кои секогаш се отворени да ми се придружат за прошетка.

Мостовите се чист пример на градителството од турскиот период, а нивната витка линија и нагласената декоративна линија ти дава некое посебно чувство дека си отцепен на друг простор.

Сè зависи до расположението, но кога бев последен пат паѓаше дожд така да самото сивило и натежнатите облаци ширеа некоја блага меланхолија, што не беше случај кога надвор печеше сонце.

Кога сме кај мостовите, мора да ја споменам легендата за Радин мост. Веројатно многумина ја знаат, барем јас се сеќавам дека ја дискутиравме во основно, иако од тогаш ја имав заборавено, па со посетата на Кратово се присетив. Да не должам многу…

Се зборува за аманетот на една мајка која им го оставила на синовите за градење на мостови каде можело. Но, мостот на Манцева Река никако да се изградил. Се рушел цело време.

Деветте браќа, навидум сложни, се договориле во темелот да ја соѕидаат снаата која прва ќе се појави да им донесе ручек. Сите ги известиле жените, освен најмладиот, па може да претпоставите што се случило штом се појавила Рада. Пред да ја соѕидаат ѝ ја отсекле десната града за да го дојат нејзиното бебе. Звучи морбидно, да...

Освен Радин мост, редно е да ги споменам и останатите: Горномаалскиот Мост, Грофчанскиот, Чаршискиот, Јокширскиот и Арryличкиот. А од друга страна, тука се и кулите, ако не се лажам мислам дека беа 13 на број.

Најголем број од нив се уништени, а денес има останато само 6 кули. 

Како по некое непишано правило, речиси секогаш свратуваме во некое ресторанче на кратовска пастрмајка пред да прошетаме и во околината.

Нема веќе кој не бил, но Куклица е задолжително место. Изгледа веќе не постои човек што не ја посетил локацијата која зборува за гневот и болката на несреќната девојка, која го проколнала саканото момче за време на неговата свадба со друга девојка.

Мислам тука на направам пауза, пред да продолжам со некоја нова прошетка на мали и пријатни места. Барем додека да се отворат границите, после ќе зборуваме за други авантури и доживувања.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно мес... Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издиг...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg