Лудата приказна на Брајан од Велс - Немал пари да си оди дома со авион, па „се испратил“ преку пошта од Австралија

Колку пати ви се случило некому да му речете да ве спакува во куфер кога сте посакале да одите некаде заедно со него? Можеби за вас ова е шега, но во младоста, Брајан од Велс го направил токму тоа - пријатели му помогнале да се спакува во кутија и го пратиле со останата стока бидејќи немал пари за авионска карта.

Se-spakuval-vo-kutija-i-go-pratile-po-poshta-od-Nov-Zeland-do-SAD-gi-bara-lugjeto-shto-mu-pomognale-01.jpg

Во миговите кога повеќе од сè сакал да си оди дома, а немал пари, Брајан го направил невозможното – го собрал најнеопходното, се спакувал во дрвена кутија и ги замолил пријателите да го пратат по пошта. Денес, речиси 60 години подоцна, овој човек од Велс ги бара пријателите што му помогнале.

Брајан Робсон ги бара Пол и Џон, на кои не им ги помни презимињата, но знае дека му помогнале да си замине од Австралија, пишува BBC.

Брајан од Кардиф имал само 19 години, кога двајца пријатели му помогнале да влезе во дрвена кутија за да може да се испрати себеси по пошта, и тоа од Мелбурн до Лондон.

brajan-2.jpg

Како што вели, немал пари за авионски билет, но бил очаен да си оди дома. Како тинејџер, Брајан почнал да работи за Victorian Railways во програма за помош на имигрантите во Австралија, но воопшто не бил среќен со сопствениот избор.

Но, освен што немал пари да си купи билет за дома, веќе имал потпишано и двегодишен договор.

Неговите патни трошоци биле платени од страна на австралиската влада и, како што вели, требало да им даде околу 800 фунти за да си го плати патот до дома, а неделно заработувал само 30. Поради ова, тој не гледал излез.

Тогаш се сетил дека би можел да се испрати себеси како пратка во товарен авион. Брајан се сеќава дека Пол и Џон работеле заедно со него и биле добри пријатели.

Пол имал пристап до машина за пишување и можел да ги изработи документите потребни за Брајан да биде испратен како товар.

На почетокот, пријателите сметале дека Брајан полудел и, како што раскажува, му била потребна цела недела за да ги убеди да му помогнат.

„Џон ме поддржуваше цело време, ама Пол не сакаше да го стори тоа“, се сеќава Брајан.

brajan-3.jpg

Сепак, пријателите се договориле дека тој нема да каже за нивното соучесништво, за да не им создаде проблеми, а тие му помогнале да се спакува во дрвената кутија (со големини на мал ладилник) заедно со перница, светилка, куфер и две шишиња – едното за вода, другото за урина.

Патувањето се покажало како мошне тешко и опасно. Иако имало ознака од која страна да се постави кутијата, никој не ја забележал, па така, додека авионот да слета, Брајан бил оставен повеќе од 20 часа со главата надолу. Целото искуство било мошне болно и Брајан неколкупати се онесвестил.

Она што Брајан не го знаел е дека патувањето не одело според планот. Иако првично требало да лета директно во Лондон и целото патување да трае 36 часа, тој авион бил полн, па кутијата на Брајан била ставена во друг што патувал на подолгата рута, преку Лос Анџелес.

„Бев во кутијата пет дена и ме сместија во магацин. Мислев дека сум во Лондон. Можев да ја поместам раката за да ја земам светилката, но прстите ми беа вкочанети, па ја испуштив. Слушнав гласови како прашуваат: 'Што се случува овде?' и тогаш сфатив дека луѓето не зборуваат со англиски акцент, туку со американски“, раскажува тој.

Еден од луѓето погледнал низ дупката на кутијата и побарал помош. Еден час подоцна се случил вистински хаос - Брајан бил опкружен со службеници на ФБИ, ЦИА, аеродромско обезбедување, брза помош...

По ова бил пренесен во болница каде полека се опоравил, затоа што буквално се вкочанил за време на патувањето.

brajan-5.jpg

За среќа, Американците не поднеле тужби, а „бегалецот“ бил испратен дома со авион, но овојпат во кабина. Сега, на возраст од 76 години, Брајан напиша книга за неговата голема авантура насловена The Crate Escape, што ќе биде објавена при крајот на месецот.

brajan-1.jpg

Навраќајќи се на настаните сега, од оваа перспектива, тој вели дека тоа била мошне глупава идеја и дека никогаш не би се сложил неговите деца да направат нешто такво.

Брајан ја раскажа својата приказна, а сега му преостанува само уште да ги најде пријателите. Како што вели, кога се вратил дома им напишал писма, но не добил одговор.

Тој е сигурен дека тие знаат што се случило со него, затоа што за неговата приказна пишува целиот свет, но уште не може да ги најде.

„Ако ги сретнам повторно, само сакам да им кажам дека ми е жал што ги вплеткав во ова и дека многу ми недостасуваа кога се вратив. Сакам да ги частам пијачка“, вели тој.

Можеби целата оваа приказна ви звучи лудо, но и самиот Брајан вели дека и сега, по толку години, не може ни сам да поверува дека го направил тоа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...
„Го посетив селото на баба ми и дедо ми и се потсетив на приказните за вили и вампири од детството -... Постојат места на кои постојано им се навраќаме, места кои ни будат спомени што ...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg