„Ги посетив скриените пештери во клисурата Пешти и висечките мостови на реката Бабуна“

Клисурата Пешти ми стана една од македонските дестинации која многу често ја посетувам. Сигурно неколкупати годишно. Веројатно мотивираноста да се вратам таму се крие во фактот што секогаш откривам нешто ново, поразлично… Нешто што мојот поглед претходно го нема уловено. Не ме чуди, таквите пространства не здодеваат, знаат да изненадуваат секогаш кога ќе стапнеш таму.

skrienite pesheri vo klisurata peshto i viseckite mostovi na rekata babuna 7

Тоа неделно утро, не тргнавме нешто посебно рано. Бев со екипата од Куманово со која од време на време знам да заминам на некое слично патување и се најдовме со двајца пријатели од Велес.

Едниот од нив добро го познаваше теренот, па улогата на водич му ја препуштивме нему. Излеговме од градот, возевме неколку километри и се паркиравме кај чешмата, во близина на фабриката „Агриа“.

skrienite pesheri vo klisurata peshto i viseckite mostovi na rekata babuna 2

Тргнавме по левата страна од реката Бабуна. За чудо, времето ни беше погодено, иако со себе сите понесовме долги ракави, по 10 минути пешачење се слековме на кратки ракави.

Тоа е добар знак, мислам дека сите со нетрпение чекаме да се стабилизира времето и секој можен викенд да го искористиме максимално за истражување на нови места низ Македонија, ако тоа не можеме да го правиме надвор до границите.

Одевме и уживавме во пространиот поглед што ни го овозможуваше клисурата Пешти, а посебно се заинтересирав за пештерите, оти имам слушнато секакви приказни за нив. Уште кога прв пат го посетив местото запомнив дека од прилика постојат околу 80 пештери. Од нив многу не се истражени, поради проста причина – се наоѓаат на тешко достапни места.

skrienite pesheri vo klisurata peshto i viseckite mostovi na rekata babuna 1

Патеката е лесна, по речиси час и половина стигнавме до пештерата каде што и се упативме. Веројатно не би ја забележал да не беше пријателот кој добро го познаваше теренот.

За да се влезе во пештерата, моравме да слеземе по една стрмна пукнатина, каде придржувајќи се за неколку стебла успеавме да влеземе внатре, а пред нас се отвори еден поглед кон целата клисура.

skrienite pesheri vo klisurata peshto i viseckite mostovi na rekata babuna 4

skrienite pesheri vo klisurata peshto i viseckite mostovi na rekata babuna 5

Во тие моменти човекот може најубаво да ја согледа убавината што се наоѓа на места, далеку од човечко присуство. Двете дупки, кои поставени како очи, откриваа еден свет кој секој би посакал да го види.

Од таму се гледаше влезот на пештерската црква Свети Никола, изградена пред повеќе од 600 години. Кога прв пат бев во Пешти, имав можност во пештерското устие да ги засведочам фреските од некогашното подножје на црквата.

Сигурно поседевме еден час, мераклиски каснавме од храната што ја понесовме од дома и се спуштивме до реката Бабуна. Долу се сретнавме со еден човек, кој живее во близината и ни кажа дека пештерата која штотуку ја посетивме е позната и како „череп“. Веројатно е точен називот. Воопшто не ме чуди, имав чувство како да газам во череп на некој џин … Ми забегаа мислите.

По интересен разговор со него се упативме спрема автомобилите, за да се вратиме на време во Куманово пред да нè фати полицискиот час. А, враќањето назад беше пропратено со поминување по висечкиот мост, кој уште повеќе го разбудија авантуристот во мене.

skrienite pesheri vo klisurata peshto i viseckite mostovi na rekata babuna 3

Прочитајте и Фосилни остатоци, пештерски цркви и дом на белоглавиот орел – локалитет Пешти кај Велес

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
„Бев на одмор во гратче на 50km од Барселона, со лет од Скопје за 2.5 часа – какви ми се впечатоците... Неверојатно широка плажа до каде што ви гледаат очите, светилник, Шпанци кои тан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg