Како сцена од Game of Thrones – Спомен-костурницата на Зебрњак, кумановско, е необична филмска глетка (фото)

Спомен-костурница на ридот Зебрњак е монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година.

Spomen-kosturnica-Zebrnjak-kumanovsko-01.jpg

Споменикот е свечено осветен на 31 октомври 1937 година, на 25-годишнината од победата во Кумановската битка. Изграден е на ридот Зебрњак, највисоката точка на кумановските воени места.

За време на осветувањето во костурницата се положени посмртните остатоци на околу 400 припадници на српската војска кои до тогаш биле чувани во манастирот Свети Ѓорѓи, недалеку од костурницата (во Старо Нагоричане).

Споменикот на Зебрњак е изграден од најтврд базалт и армиран бетон. Имал облика на кула со висина од 48,5 метри. Тоа бил убедливо највисокиот споменик не само на територијата на Кралството Југославија, туку и на целиот Балкан.

Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Куманово е срушен на самиот почеток на Втората светска војна. Експертите на Републичкиот завод за заштита на спомениците за култура, во Белград во 1985 година го реализирале проектот за заштита на објектот на Зебрњак во дадена состојба.

Ова е неверојатна глетка која многумина не веруваат дека се наоѓа во Македонија.

Костурницата на Зебрњак во кумановско дефинитивно треба да се најде на списокот на места за задолжителна посета. Бидејќи фотките се филмски и волшебни:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...

Најчитани неделава