Вељуса и Вељушкиот манастир во струмичко – божја убавина стара 1000 години (фото)

Селото Вељуса, лоцирано во северозападниот дел на Општина Струмица, претставува населено место во Струмичката Котлина, сместено во подножјето на планината Еленица, односно на допирот на подножјето со рамничарскиот дел на Струмичкото Поле.

Veljusa-i-Veljushkiot-manastir-01.jpg

Вељуса има долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот среден век во 1080 година (XI век) по којшто селото го добило и своето денешно име.

Порано селото се викало Палеокастро, но откако се изградил манастирот посветен на Елеуса (Милостива), селаните кога доаѓале накај црквата викале: Одиме во Елеуса… Велеуса.

Станува збор за народно предание, кое се смета и за најверодостојно.

Во внатрешноста на манастирот се зачувани оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години.

Манастирот стар 1000 години е сведок на времиња и невремиња, но сè уште стои цврсто и непоколебливо, со тивко ветување дека ќе биде тука и во следните 1000.

Погледнете ја божјата убавина во Вељуса:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава