Дестинации во Грција кои се шетаат исклучиво со автомобил

Сигурно многупати досега сте слушнале коментари „бевме на одмор таму, но ништо не успеавме да видиме, за сè мора автомобил.“

destinacii-vo-grcija-koi-se-shetaat-isklucivo-so-avtomobil-01.jpg

Голем број на туристи кои не ја посетуваат Грција со автомобил и не изнајмуваат, го гледаат само минимумот, односно градските плажи и локалните таверни.

Па, добро е да знаете кои дестинации не се шетаат без автомобил, за да не направите грешка и да си ги потрошите парите за џабе.

Лефкада

Ако некогаш сте размислувале да ја посетите Лефкада, не го правете тоа без автомобил. Лефкада не е дестинација на која треба да се бањате постојано на една плажа, а да не ги видите работите по кои островот е карактеристичен.

Ниту една од најубавите плажи не е градска плажа. За да се доживее на вистински начин, Лефкада мора да се шета и вози со автомобил.

Исто така, добра опција е и изнајмувањето на скутер или автомобил кога веќе ќе пристигнете.

destinacii-vo-grcija-koi-se-shetaat-isklucivo-so-avtomobil-03.jpg

Обиколка на островите во Грција

Без разлика дали ќе ги одберете Тасос, Крф, Кефалонија, Родос, Крит или Скијатос, имајте на ум дека треба да ги шетате и возите за да ги разгледате. Градските плажи оставете ги како резерва за деновите кога ќе сакате да одморите.

Скијатос и Крф имаат подобро организирани локални автобуси и почести линии до популарните плажи. Но, ако сте во можност, најдобро е да изнајмите автомобил или скутер, барем за неколку дена.

destinacii-vo-grcija-koi-se-shetaat-isklucivo-so-avtomobil-02.jpg

Парга и Сивота

За летувањето во Сивота е најдобро да имате автомобил или друго превозно средство. Иако плажите не се премногу далеку, сепак дел од нив се претешки за пешачење, посебно со мали дечиња.

Кога се работи за Парга, добро испланирајте го вашето движење уште пред да тргнете, бидејќи ако не го направите тоа ќе бидете „осудени“ на само една од трите плажи до кои се пристигнува пешки.

Парга е сместена во брдо, па доколку апартманот ви е во првиот ред – супер, но доколку сте малку повисоко, ќе биде напорно.

destinacii-vo-grcija-koi-se-shetaat-isklucivo-so-avtomobil-04.jpg

Ситонија

Вториот крак на Халкидики е познат по големиот број на диви плажи и скриени заливи, кои ги има над 70 на број.

Половина од туристите кои доаѓаат сакаат да се одморат на градските плажи на Неос Мармарас, Торони, Никити, Сарти... Но, најубавите плажи се наоѓаат надвор од нив.

Неос Мармарас исто така е сместен во брдо, па е незгоден избор за туристи без автомобил.

Сарти е уште едно место за кое би ви препорачале автомобил, бидејќи знае да биде ветровито и немирно морето, па доколку немате каде да избегате во околина, ќе бидете разочарани.

destinacii-vo-grcija-koi-se-shetaat-isklucivo-so-avtomobil-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg