„Ме маѓепса селото Јанче, ми доаѓаше да тропнам на нечија врата и со старите мештани да си поразговарам за убавините“

Заедно со неколку пријатели патувавме во Маврово кога од нашата лева страна, на пат спрема Дебар, ја видовме таблата на која беше напишано името на селото Јанче. Буквите како да беа порта кон нов свет и само што ги прочитавме, го чувме повикот што селото со децении го изговара. 

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 11

Уште истото утро, едногласно се согласивме дека едно од неколкуте места што ќе ги посетиме дента ќе биде и селото Јанче – едно од најстарите мијачки села кај нас. А, самата местоположба на селото може за кратко време да те спроведе и до Дуфскиот Водопад, Галичник, како и до манастирот свети Јован Бигорски.

Кога одам на места каде историјата пуштила корени, прво на памет ми паѓаат легендите. Приказните што ги имам слушнато за Јанче како да испловија на површина штом се паркиравме во селото. Де оние што дедо ми ми ги раскажуваше, де оние што ги најдов на интернет… А многу легенди и случувања имам слушнато од страна луѓе што лично ги знам, а го имаат посетено Јанче.

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 1

Иако кружат секакви верзии, ама мислам дека ова е најпознатата и е поврзана со климата карактеристична за самото село. Гласините се следниве: ако во Јанче паѓа дожд, снег или пече сонце, тогаш исто такво време ќе има и во Солун. Интересно, нели? Треба да се провери и ова некој ден!

Селото е лесно достапно, се паркиравме пред хотелот „Туто“ и кога излегов од колата се загледав во куќите распределени наоколу. Ги има околу педесетина, голем дел од нив се со специфична градба и стара архитектура. Ми доаѓаше да тропнам на нечија врата и со старите мештани да седнам и да зборувам за некогашниот живот, за навиките, за убавината и за секој облик на радост што само животот на село може да го донесе.

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 2

Кога сме веќе на ова тема, од една страна селото успеало до некаде да си го задржи својот вистински идентитет. Свесни сме дека од година во година селата во Македонија ја губат својата убавина, буквално испарува сета автентичност, но Јанче е друга приказна – времето тука одамна застанало. Веројатно не планира да се помести ни напред ни назад, само знак прашање е до кога ќе биде во оваа состојба…

Инаку, има и по некоја куќа, која го нарушува изгледот на градбите од земја, камен и дрво. Иако бодат во очи, можат да се занемарат до некаде.

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 4

Од една страна ја имаш сета убавина на Јанче, а од друга го имаш хотелот „Туто“. Вредноста на секое патување се зголемува ако има вкусен оброк на тоа место. Токму тоа и се случи.

Вештите раце на локалците и специјалитетите приготвени од домашни производи дополнително го зголемуваат вкусот на секое јадење. По цел ден шетање на висока температура, на сите добро ни дојде ручекот со погледот што ги смирува и најрастревожените.

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 6

Дури и кога ја испразнив чинијата, немав желба да се поместам од столче. Очите грабаа сè што наоѓаа пред нив, оти знаат дека штом ќе стапнат во град, ќе се ѕверат во жежок бетон.

Така и заврши дента, со пријатни спомени, без приказни на Тефик, кој го изградил хотелот, но следен пат ќе го начекам и него за да може да си помуабетиме како што треба.

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 9

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 9

selo janche avtenticnost i ubavina na makedonskoto selo 9

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

Автор: Е.Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg