„Од скопските горештини избегав на Матка – си замислив желба со раката на манастирот, имаше велосипеди на вода“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


„Од скопските горештини избегав на Матка – си замислив желба со раката на манастирот, имаше велосипеди на вода“

Матка ми е едно од најубавите места во моето Скопје и секогаш кога имам странци на гости ја посетуваме, но никогаш не ми текнало за пикник на Матка среде лето. Секогаш ја посетувам или во есен, или на пролет. И искрено, таму полесно се дише, веднаш се почувствува разлика во температурата, а таа дебела сенка е одлична за релаксирање.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-si-zamisliv-zhelba-so-rakata-na-manastirot-imashe-velosipedi-na-voda-01.jpg

Летото е во полн ек, а со тоа и горештините, сонцето не престанува да пече, а и едвај се дише. Сите се во потрага по сенка и место за разладување, но ако езерата и морето се далеку, тука е Матка, прекрасниот кањон за кратко бегство од горештините, барем од скопските пеколни летни денови.

Пријател од детството ме викна да се видиме, ама му викам, само ако одиме некаде во природа, не можам па цел ден во кафуле да седам. Одиме на Матка, вели тој, пикник на Матка.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-29.jpg

Матка ми е едно од најубавите места во моето Скопје и секогаш кога имам странци на гости ја посетуваме, но никогаш не ми текнало за пикник на Матка среде лето. Секогаш ја посетувам или во есен, или на пролет. И искрено, таму полесно се дише, веднаш се почувствува разлика во температурата, а таа дебела сенка е одлична за релаксирање.

Ледена вода на Треска

Со кафе, сендвичи, грицки-мицки и едно тенко ќебенце за седење стигнавме на кањонот, а таму нè пречека жуборот од реката Треска, детска смеа и птичја песна.

Викенд беше, па малку потешко најдовме паркинг. Ако немате автомобил, градскиот автобус со број 60 ве носи до таму.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka -42.jpg

Секогаш директно одев накај малата црква и на прошетка по тесното патче, но овојпат, го поминавме мостот и се спуштивме на брегот на реката.

А таму милина, кристална вода, каменест брег и сенка, дувка ветре, деца скокаат, пливаат, си играат во водата, а јас им завидувам на безгрижноста, но и храброста.

Не издржав, ги фрлив патиките и ги брцнав стапалата, а водата грч, не издржав ни две минути… ама мислам дека целото тело ми се разлади! Се прашувам како ли децата имаат толку храброст да скокаат во водата која е толку ледена?

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka -24.jpg

Седиме и уживаме, пејзаж кој плени, евоцирање спомени и ладно кафенце… како да сме во некој паралелен свет, а не на само 15 минути од центарот на градот каде температурите го пржат асфалтот.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka -44.jpg

Брзо се наполни таа мала своевидна плажа на брегот на Треска, родителите под сенка, а децата се разладуваат во реката. Сите насмеани, едноставно уживаат во природата! Малку е потребно за среќа нели?

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka -23.jpg

Замисли си желба кај манастирот

Одиме накај патеката крај езерото, ама баш кај малиот манастир пријателот ми вели, дојди да си замислиш желба. Матка ја имам неколку пати посетено, ама никогаш не сум слушнала за „замислувањето желба“.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-40.jpg

На ѕидот на манастирот Свети Андреја има отпечаток на дланка, па ја поставив мојата дланка и си замислив желба, се надевам дека ќе ми се исполни наскоро.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-03.jpg

Според старата легенда, овој отисок се вика Маркова рака бидејќи многу одамна Крали Марко со својот брат Андрија поминале на ова место. Во меаната каде сега е ресторанот имало турски аскер и го убиле братот на Крали Марко. Тој им се одмаздил, а во знак на предупредување оставил отпечаток од својата дланка на манастирскиот ѕид. Оттаму и името, Маркова рака.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-16.jpg

Прошетка низ кањонот

И секако, посетата на Матка нема да е целосна без прошетка низ кањонот и насладување на очите со сите природни убавини и смарагдната зелена боја на езерото.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-34.jpg

Додека пополека пешачиме низ тесното патче им мавтаме на патниците од кајчињата кои одат накај пештерата Врело.

Јас тоа искуство го оставив за следен пат. Кајаци ја кршат мирната езерска вода, а тоа доживување топло им го препорачувам на сите авантуристи, интересно е, а погледот на клисурата и високите карпи и волшебен.

Пред неколку години изнајмивме кајак тандем и беше одлично искуство. Стравот од превртување на кајакот исчезна брзо откако бев маѓепсана од погледот.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-17.jpg

Она што ме изненади беа велосипедите на вода, изгледаат мошне забавно, но јас не сум доволно смела за тоа.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-11.jpg

Меѓу посетителите имаше и многу странци, а ресторанот со прекрасниот поглед на езерото со смарагдна боја беше преполн. Многумина се одлучиле својот неделен ручек да го зачинат со прекрасни пејзажи и дебела сенка на брегот на езерото.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka -27.jpg

Изморени, но со полна душа, очи наследени со убавина, онаа нежна, недопрена природна убавина, се враќаме назад. Мирис на лето и печена пченка… среќна сум што толку блиску до мојот град има вакво мало парче рај во кое накратко можам да заборавам на урбаната џунгла и да уживам во убавините на мајка природа, убавините на Матка.

od-skopskite-goreshtini-izbegav-na-matka-ledena-voda-rechen-zhubor-I-debela-senka-43.jpg

Повеќе фотки:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

 И. Ј. | Црнобело / фото:  И. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во Занзибар, остров во Индискиот океан - локалците се пријатни, има желки стари и по 100 години... Да, ми требаше неколку дена за да се соземам од патувањето и, еве, пак не знам т...
„Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“ Од утринското кафе на цветните платформи од ресторанчињата и плажата која ја има...
Репортажа за Белград: „Моето прво излегување од Македонија по пандемијата – мирисаше на живот“ Ова патување беше моето прво напуштање на границите, па секако дека ми годеше пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg