„Бев во Занзибар, остров во Индискиот океан - локалците се пријатни, има желки стари и по 100 години и џунгла со зачини“

Да, ми требаше неколку дена за да се соземам од патувањето и, еве, пак не знам точно од каде да почнам со раскажување. Тие две недели доживеав толку многу нови искуства, што секое од нив сака гласно да биде споделено.

zanzibar prijatni lokalci zelki stari i po 100 godini djungla so zacini i indiski okean 10

Вечерта пред да летам за Занзибар, спиев едвај два часа. Тоа, барем кај мене, секогаш е така пред повозбудливите патувања. На скопскиот аеродром, во осум ипол сабајле се најдов со остатокот од групата, па сите заедно летавме за Истанбул, каде имавме пауза од добри пет-шест часа.

Иако бев уморен, не ме држеше место. Поминав низ секоја продавница, измешав различна храна, испив неколку турски чаја и така со книгата „Трагачот“ од Тана Френч се сместив на своето седиште до прозорчето кое гледаше директно на авионското крило. За време на целото патување си калкулирав во себе. ОК, уште седум часа. Шест. Пет…

zanzibar prijatni lokalci zelki stari i po 100 godini djungla so zacini i indiski okean 5

Нешто пред три по полноќ слетавме во Стоун Таун. Концентрацијата ми беше на ниско ниво, едвај ги внесував податоците на еден формулар со кој требаше да извадам виза, која чини 50 долари.

За среќа, пасошката контрола помина брзо и излегов од најмалиот аеродром на кој некогаш се имам најдено. Таму, на паркингот нè чекаа нашите водичи: Јелена Јовиќ и локалецот, Рамадан, а за сите познат како Рама.

zanzibar prijatni lokalci zelki stari i po 100 godini djungla so zacini i indiski okean 3 copy

Штом влеговме во комбето за трансфер до хотелот, водичите ни напоменаа да пиеме исклучиво флаширана вода, па дури и забите да не ги миеме со онаа од чешма. Ама мислам дека ништо страшно немаше да се случи, зашто по неколку дена престанав да ги почитувам препораките.

Веќе почна да се разденува кога со дел од екипата се сместиме во хотелот Smiles Stone Town, а останатите заминаа во друг. На мое изненадување, по неколку часа ме разбуди врева која доаѓаше од улицата, зашто нашиот хотел се наоѓаше веднаш спроти пристаништето.

Долу, под балконот брзо поминуваа мотори и по некој автомобил, се довикуваа мештаните од една до друга страна на улица, продаваа работи, нудеа, се пазареа… Самата ситуација ме расони и откако појадував со неколку луѓе тргнавме да ги истражуваме уличките на Стоун Таун.

zanzibar prijatni lokalci zelki stari i po 100 godini djungla so zacini i indiski okean 6 copy

Во ова мало гратче, скоро отцепено од светот, сè е толку поразлично од она што претходно го имам видено. Пред сè е пријатно и автентично на свој начин. Го гледаш, го дишеш и чувствуваш Индискиот Океан. Иако е отфрлено, сепак е исполнето со убавина која треба да ја пронајдеш самиот.

zanzibar prijatni lokalci zelki stari i po 100 godini djungla so zacini i indiski okean 7 copy

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg