Топ 10 божиќни пазари во Европа за 2021 - излезени како од новогодишна сликовница (фото)

Варено вино, домашни деликатеси, многу украси и светилки на простори кои се претвораат во сцени како од бајките, на најдобар начин нè воведуваат во празнично расположение.

Bajkoviti-bozikjni-bazari-vo-Evropa-01.jpg

European Best Destinations, сајт за промоција на туризмот во Европа, направи опширно истражување и побара мислење од повеќе од 100.000 туристи за да го изберат својот омилен празничен базар.

Иако се наоѓаат на листата на најдобри божиќни пазари, сепак заради пандемијата и мерките кои се воведуваат, во некои земји истите се откажани и нема да се одржат оваа сезона. 

Но, тоа не нè спречува низ постари фотки да уживаме во празничната магија и да направиме виртуелна божиќна прошетка“.

Датумите на отворање и затворање на пазарите се поставени на официјалниот сајт, но истите може да претрпат промени од ден во ден како што се менува ситуацијата во земјите. 

Кои се најдобрите 10 божиќни пазари во Европа за 2021 година?

Базел, Швајцарија

Божиќниот пазар во добро сочуваниот стар град Барфусерплац и Мунстерплац се смета за најубав и најголем во Швајцарија.

Според истражувањето на European Best Destinations, тој е и најдобар во Европа за оваа година. Околу стотина високи борови ги опкружуваат улиците и „стојат“ како осветлени стражари кои му го покажуваат патот на посетителот.

Маркетот можете да се посети од 25 ноември до 23 декември.

Bajkoviti-bozikjni-bazari-vo-Evropa (1).jpg

Будимпешта, Унгарија

Прославата во базиликата Свети Стефан во Будимпешта повторно е еден од најдобрите и најубавите божиќни пазари во Европа.

Лизгалиште, варено вино, деликатеси од унгарската кујна и најголемата 3D светлосна инсталација во Европа создаваат совршена атмосфера за да ја доживеете божиќната магија.

Се одржува од 19 ноември до 2 јануари.

bajkoviti-bozikjni-bazari-vo-evropa-izlezeni-kako-od-novogodisna-slikovnica-foto-.jpg

Познан, Полска

Скапоцениот камен на западна Полска, Познан, е домаќин на божиќен базар кој се протега помеѓу ренесансните згради на Стариот плоштад.

Од 29 ноември до 23 декември, посетителите ќе имаат можност да го искусат третиот најдобар божиќен пазар во Европа, според European Best Destinations, кој вклучува и импресивен фестивал на скулптури од мраз.

Bajkoviti-bozikjni-bazari-vo-Evropa (3).jpg

Виена, Австрија

Виенската магија на новогодишните базари го претвора градскиот плоштад во бајковит пејзаж.

Дрвјата со лампиони околу плоштадот зрачат како море од светлина, додека празничните мелодии, вкусните јадења и вареното вино никого не оставаат рамнодушен.

Се одржува од 17 ноември до 26 декември.

Bajkoviti-bozikjni-bazari-vo-Evropa (4).jpg

Брисел, Белгија

„Зимски чуда“ е голем божиќен фестивал што се одржува секоја година во срцето на Брисел. Волшебни мелодии и светла на Гранд Плас, импресивна елка, лизгалиште, штандови со украси и чоколади создаваат чувство дека сте во град од бајките.

Се одржува од 26 ноември до 2 јануари.

Bajkoviti-bozikjni-bazari-vo-Evropa (5).jpg

Уште 5 магични божиќни базари на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg