Го посетив Тиволи во Копенхаген - божиќен пазар на кој ќе се исклучите од реалноста

Во целото сивило, црни вести и прогнози, ковид предвидувања, сите пробуваме да се исклучиме од реалноста. Ако постои едно место каде во моментов може да го направите тоа, дефинитивно се градините Тиволи во Копенхаген. Што треба да очекувате?

boziken-market-na-koj-ke-se-isklucite-od-realnosta-tivoli-kopenhagen-001.jpg

Божиќната атмосфера ќе ја почувствувате 10 пати посилно од кога било во животот, уште на самиот влез. Иако чини „мало богатство“ или околу 20-тина евра, вреди за секое однапред планирано и штедено денарче.

Темата во Тиволи градините се менува трипати во годината, а цел декември темата е: Божиќ.

Годинава поставени се огромни црвени срца каде и да се завртите, заедно со преку неколку милиони сијалички во стотици бои и форми.

Уживањето би требало да започне со греено вино со бадем и суво грозје, односно Gløgg или помалку алкохолна варијанта – топло чоколадо со малку Бејлис.

Откако ќе се стоплите со неколку голтки – шетањето почнува.

Помалку познат факт: Сите пијалаци се служат во пластични чашки, кои на крајот ги враќате во автомат, а за секоја рециклирана чашка ви се враќаат 5 круни, односно нешто над половина евро.

Новогодишни куќарки има насекаде, по кој пат и да фатите. Во дел се продава храна, слатки, во дел сувенири или топли капчиња, ракавици, шалови...

Од храната, би требало да пробате две работи – хамбургерот во Gasoline Grill и препознатливиот десерт – дански мини палачинки наречени Aebleskiver.

Ако за момент ја кренете главата, ќе сведочите на вресоци од адреналинскиот парк, односно од ролеркостерот кој не запира.

Во склоп на Божиќниот маркет е и адреналинскиот луна парк кој не се препорачува „на полн стомак.“

Има безброј накитени елки (нема да знаете со која попрво да се сликате), веројатно ќе сакате да направите фотка и со ретро рингишпилот, а има и бротчиња со сијалички во кои можете да се повозите по вода.

Одвојте и 10-тина минути за да изгледате едно светлечко шоу на фасадата од најдобриот ресторан во градот.

После неколку часовно шетање, сите седнуваат да се стоплат покрај запалените огнови и трупчињата наредени околу нив. Таму може да здивнете пред да ја продолжите новата тура разгледување.

Ќе се обидеме сето ова да ви го раскажеме низ најубавите фотки на Инстаграм. Но, не се задоволувајте со нив.

Ако некогаш имате шанса – декември е за патување во Копенхаген.

 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава