Јован Илиески: „За Нова година го посетив Истанбул - зошто на овој град му се враќам одново и одново?“

„Во Истанбул се чува традицијата, се прават баклави, се дише морски воздух. Овде златото е како леб, го има секаде. Мириса на историја и глава се лечи со чај. Овде шербетот има различна магија, овде се пешачи без крај.“

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-01.jpg

Јован Илиески (22), писател, психолог и иден гешталт психотерапевт, неодамна го посети Истанбул.

Тој вели дека е вљубен во овој град и му се враќа одново и одново.

Јован за CRNOBELO.com ги споделува впечатоците оттаму:

На Истанбул не може да не му се вратиш.

Доаѓам повторно. И повторно, и повторно. Се вратив во градот на Босфорот за да ја прославам новата година и да го започнам новото патување со нов роман и да ја најдам својата нова хероина.

А, зошто секогаш Истанбул е совршена идеја?

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-02.jpeg

Архитектура, историја, уметност. Овде се чува традицијата, се прават баклави, се дише морски воздух. Овде светот се дели на сите култури, град на два континенти и ги дели само еден мост.

Азија го носи современиот свет, Европа - ориентот. Овде златото е како леб, го има секаде. Мириса на историја, на мир и војна и глава се лечи со чај. Овде шербетот има различна магија, овде се пешачи без крај.

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-06.jpg

Овде можеш да се изгубиш и да ти биде пријатно. Цените, ниски и прифатливи за сечие живеење, а сообраќајот совршен хаос во кои граѓаните успешно живеат. Автобусите и метроата се преполни, а не значат ништо, затоа што луѓе пеш одат да го доживеат градот.

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-05.jpg

Мириса на риба и школки, на брегот, но месечината над Босфор свети посилно од дневното сонце.

Истанбул никогаш не спие, тоа е тоа што најмногу ми се допаѓа во врска со градот. Истанбул нема своја туристичка сезона. Градот секогаш живее, секогаш е во метеж, секогаш се трча што побрзо до другиот тротоар.

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-09.jpg

Совршен избор за секој уметник да си ја најде својата инспирација.
Галата кулата, Топкапи сарајот, улицата Таксим, џамијата на Ортакој и Босфорскиот мост, замокот Долмабахче, сето тоа и многу повеќе.

Се вратив со полна инспирација за пишување.

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-12.jpg

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-11.jpg

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-10.jpg

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-08.jpg

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-07.jpg

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-04.jpeg

za-nova-godina-go-posetiv-istanbul-zoshto-na-ovoj-grad-mu-se-vrakjam-odnovo-i-odnovo-03.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сум посетил многу скриени убавини низ Македонија, а ова се местата на кои секогаш се навраќам“ Кога некое место ќе ти се прилепи за срце, тоа останува да живее во тебе за цел ...
5 места во Истанбул за совршени Инстаграм фотки – мора да ги посетите По цена од околу 400 денари, можете да си направите професионална фотосесија во ...
Истанбулска разгледница – шарената населба Балат е вистинска „ретро“ атракција вредна за посетa Грандиозниот Истанбул располага со преку 3000 џамии, многубројни палати и музеи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg