„Патувам и живеам низ разни земји во светот цела година - 15 правила кои ги почитувам“
Џемина од Австралија за Хрватска вели дека е едно од ретките места каде е магично дури и кога врне, дека дождот ја засилува вибрацијата која ја има оваа земја. Како изгледа нејзиниот „живот во куфери“?

Џемина Скели е девојка од Сиднеј, Австралија, која постојано патува низ светот и живее по извесен период на различни дестинации.
По крстосувањето низ Европа, сега е во Тајланд.
Но, кои се основните правила кои ги почитува при патувањата и кои препорачува да ги почитуваат и другите луѓе кои водат таков животен стил.
Правилата на Џемина:
Секогаш користете ги бесплатните пешачки тури, проверете на Google кога ги има – ова е најдобриот начин да истражите нов град и потоа самите да знаете да се снаоѓате во него.

Пронајдете некое краткорочно работно место со обезбедено сместување, па можеби дури и храна – вака ќе си го олесните финансискиот товар од престојот таму.

Правете си листа на места кои сакате да ги посетите за планирањето да не ви биде стресно и во последен миг.

Користете автобуси секогаш кога можете – тие се добар начин за да заштедите.

Планирајте ги работите однапред, сепак бидете флексибилни во врска со распоредот.

Истражувајте кои земји се со најпристапни цени за патување.

За уште поголема заштеда дури и во евтините земји не одете во главниот град или на местата каде одат туристите, вие посетете некое местенце на страна – гледајте многу видеа на Јутуб за да ја донесете вистинската одлука.

Резервирајте си директно и избегнувајте страници кои посредуваат.

Уште 7 совети на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з...
Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу...
„Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват
Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц...
Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство
Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста
Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...