Вевчанските Извори периодов се како сцена од најубавата снежна бајка - Вевчанци горди на нив (фото)

Вевчанци гордо споделуваат како изгледаат Вевчанските Извори во зимско руво – дефинитивно мевлем за очи и душа.

vevchanskite-izvori-periodov-se-kako-scena-od-najubavata-snezhna-bajka-foto-01.jpg

Вевчанските Извори се сместени на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри.

Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор.

Вевчанци се особено горди на нив, па така периодов споделуваат каква снежна бајка владее таму.

Најмногу нè воодушевија фотографиите на Ивана Шутиноска (34) од Вевчани, преведувачка по професија, чие хоби е фотографијата, па ја исконтактиравме за CRNOBELO.com да ја долови атмосферата оттаму:

„Ако сакате да уживате во прекрасна природа, да дишете чист планински воздух, да се напиете чиста изворска вода и да почувствувате вистински душевен мир, посетете ги Вевчанските Извори. Ќе ве пленат со својата убавина во сите четири годишни времиња, а во зима ќе се почувствувате како во вистинска бајка. Јас ги обожавам.“

Со дрвја чии гранки се натежнати од снег и живописни пејзажи, Вевчанските Извори дефинитивно се добра дестинација и во зимскиот период.

Како изгледаат Вевчанските Извори во зимската сезона:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото) И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...

Најчитани неделава