Убавина среде планина – Боговињско Езеро, најголемото ледничко езеро во Македонија (фото)

Запознајте си ја татковината подобро, за да си ја сакате повеќе. Од убави локации денеска го издвојуваме Боговињско Езеро.

Bogovinjsko-Ezero-01.jpg

Боговињско Езеро e најголемо од 27 леднички езера на Шар Планина. Езерото се наоѓа во сливното подрачје на Боговињска Река, односно самата река поминува низ езерото. Лоцирано е на надморска височина од 1.941 m.

Езерото се наоѓа меѓу Бриставец и Мала Смрека. Боговињското Езеро спаѓа во групата на валовски акомулациони езера, со должина од 452 m, ширина од 225 m и длабочина од 2,20 метри.

Должината на бреговата линија изнесува 1200 m, а површината 66.880 m2 со што претставува најголемо ледничко езеро во Република Македонија, не само на Шар Планина. Во текот на сончевите летни денови водата се загрева до 15°C, а во текот на зимата езерото е под мраз.

Погледнете како изгледа оваа убавина среде планина:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава