Амулијани – мало островче со големо срце, скриен рај на Халкидики (фото)

Амулијани е еден од најмалите острови во Грција со површина која е помала од 5 km2. Воедно, тој е и единствениот населен остров во северниот дел на Грција. Лоциран е во заливот на планината Атос, а на Амулијани доминира зелената боја, со акцент на маслинови полиња кои го исполнуваат воздухот со специфичната арома.

Amulijani-malo-ostrovce-so-golemo-srce-01.jpg

За да стигнете до островот, треба да се качите на траект од Трипити, кој е оддалечен неколку километри од Уранополис. Од Солун до Амулијани ве делат 120 km.

По пристигнувањето со траектот, се закотвувате на пристаништето Лимани во живописното село Амулијани. Самиот пристаништен брег изобилува со ресторани и кафулиња кои се прекрасно украсени со декорации што би очекувале да ги видите на Кикладите.

Прошетката низ селото ќе ви покаже дека локалното население заработува од туризмот затоа што делуваат далеку поорганизирано од другите популарни дестинации на Халкидики.

Амулијани изобилува со прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Аликес, Ајос Георгиос, Карагација, Мегали Aмос како и многу мали, диви и „расфрлани“ плажички за сите оние кои уживаат во изолираноста и интимата.

Плажите на Амулијани варираат од големи и песочни со многу бранови, до мали, скриени заливи и мирни води погодни за долго пливање.

Сите плажи имаат неверојатно чиста и сина вода. Поголемиот дел од сместувачките капацитети се наоѓаат само во селото.

Имајте превид дека нема плажа во центарот на селото (плажите се во просек оддалечени околу 2 km од сместувачките капацитети), така што бидете подготвени да пешачите малку повеќе, да одите со автомобил или пак да се возите со локалните автобуси.

Баровите на плажите ги има во изобилство, па ова надоместува за следниот податок: Амулијани не може да се пофали со некој спектакуларен ноќен живот.

Ова е сепак дестинација за семејства и парови кои сакаат вистински идиличен, мирен одмор. Сепак, има доволно кафулиња, таверни и супермаркети.

Поголемиот дел од туристите кои доаѓаат на Амулијани се упатуваат кон Уранополис и на полуостровот Атос во посета на познатите манастири (каде што е дозволено), како и крстарењата со брод на Атос.

Она што не треба да го пропуштите кога сте на Амулијани е посетата на мини архипелагот во непосредна близина на островот наречен Дрениа (Острови на магариња).

Таму ќе ве пречека навидум нереална глетка, кристално тиркизна вода која освојува со бојата.

Амулијани е совршена дестинација за мирен одмор, со пејзаж кој ќе ги наполни очите и душата. Мал скриен рај со големо срце.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg