Волонтирав во хостел во Бугарија неколку месеци – кои лекции ги научив?

5. Не треба да им дозволите на вашите години да ви се мешаат во соништата. За ова е доказ 90-годишниот авантурист од Финска кој патуваше со караван и ни раскажа дека ги има посетено сите држави во светот, но неколку на Балканот сè уште не, па сега бил вистинскиот момент за тоа. 

6. Ако сакате да медитирате, најдобро е да го правите тоа наутро кога сè уште сте гладни и сонливи, бидејќи тогаш вашиот мозок уште не е разбуден 100% и не мисли на сите обврски. Така ќе можете полесно да се фокусирате. 

Ова е мала лекција која ја научив од волонтерот од Малезија. Не продолжив со медитација, но не бидете како мене. Продолжете, бидејќи ќе ви помогне да имате порелаксиран ден.

7. Секогаш проверувајте каква е временската прогноза во државата каде што ќе одите. Секако, ако не сакате да завршите како девојчето од Нигерија кое пристигна во хостелот во фустан и сандали, не знаејќи дека во Бугарија во декември е -20 степени.

8. Предизвикувајте се себеси. Без разлика дали сте волонтирале претходно или штотуку сте започнале, ќе доживеете нови предизвици. Јас, што обожавав да бидам сама, се предизвикав да бидам околу луѓе 24/7. Луѓе кои живеат многу поразлично од мене.

Беше тешко, но дознав дека јас навистина уживам да работам со луѓе, да споделувам искуства, да комуницираме и да учиме заедно. Станав потолерантна, отворена за нови перспективи, подобар слушател и пријател. 

Научив дека покрај сите нешта кои се различни помеѓу нас, сите сме луѓе и целиме кон истите работи - љубов, среќа, слобода и исполнети соништа.

М. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg