Бизарна атракција во Индија: Храм во кој треба да влезете боси, а ќе бидете пречекани од околу 20.000 стаорци

Дали би се осмелиле да влезете во овој храм во Индија каде што ќе бидете пречекани од 20.000 стаорци и многу скокоткање? Сепак, ова искуство навистина не е за оние со слабо срце и фобија од стаорци.

bizarna-atrakcija-vo-indija-hram-vo-koj-treba-da-vlezete-bosi-a-kje-bidete-prechekani-od-okolu-20000-staorci-01.png

Индија е земја која понекогаш нуди нереални и почудни искуства отколку што некој може да очекува, но тоа е она што ја прави уникатна.

Кога ќе почнете да мислите дека не може да има ништо понеобично што не го знаете, ќе наидете на вест што ќе ве шокира.

Приказната и историјата за храмот

Постои храм во Раџастан во Индија кој е посветен на божицата Карни. Се верува дека Карни Мата станала стаорец откако умрела, а сите членови на нејзиното семејство биле инкарнирани како стаорци.

Храмот е од 15-ти век и луѓето ги сметаат стаорците за свои предци.

bizarna-atrakcija-vo-indija-hram-vo-koj-treba-da-vlezete-bosi-a-kje-bidete-prechekani-od-okolu-20000-staorci-02.jpg

Историјата е прилично ексцентрична, но сепак е интригантна за луѓето како нас кои не се свесни за тоа. Стаорците се обожувани во овој храм со најголема верба и почит и многу аџии од целата земја доаѓаат да им се поклонат.

Во храмот треба да влезете боси и ќе забележите наоколу чинии со млеко и жито, поставени насекаде. Бидејќи стаорците се свети, тие се добро нахранети и заштитени.

Во дворот на самиот заден дел, дури е испружена голема мрежа за да ги заштити стаорците од птици грабливки.

Луѓето веруваат дека ако стаорец ви трча околу нозете, тоа носи среќа. Затоа, многу посетители гледаат наоколу, надевајќи се дека тоа ќе се случи, а наводно белите стаорци носеле уште повеќе среќа.

bizarna-atrakcija-vo-indija-hram-vo-koj-treba-da-vlezete-bosi-a-kje-bidete-prechekani-od-okolu-20000-staorci-03.jpg

Ако стапнете на некој стаорец, тоа е злосторство, затоа, ако еден ден го посетите овој храм движете се многу бавно и не ги кревајте стапалата многу.

Друг интересен детаљ за стаорците е што тие никогаш не го напуштаат храмот, иако не се обврзани на кој било начин и се слободни да излезат кога сакаат.

Но, сосема ги разбираме. Кој би сакал да си замине кога добива толку топол третман секојдневно?

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава