Колку ме чини еден викенд низ Македонија?

Дали си ја знаеме земјава во која живееме и што ни нуди? Дали навистина вреди да се каже дека трошоците потрошени за викенд надвор од Македонија и тука е ист? Зависи што бараш и што сакаш. Научени да се жалиме како е сè прескапо , ама тоа не нè спречува да одиме на викенд во Грција, или на недела дена во Црна Гора.

kolku-me-cini-eden-vikend-niz-makedonija-01.jpg

По експанзијата на цени што настана како последица на Ковид 19 сведоци сме дека и обичниот леб е поскап од вообичаено, но дали сте прошетале на викенд надвор од градот во кој живеете за да направите компарација?

Рекреативен викенд туризам

Бидејќи е сезона на летувања, нашите места за викенд активности се фокусирани на вода и плажа, па така одвојте најмалку 4.000 денари за гориво или 600-800 денари за автобуска карта и заминете во Дојран, Охрид, Преспа или Струга.

Сместувања има за секого, а цените се движат од 600-1.000 денари за кревет, зависно во кој град се наоѓате и каков престој сакате. Апартман во близина на центарот на овие дестинации ќе најдете за 1.200-2.000, а доколку се одлучите за хотел со појадок цените се движат помеѓу 2.000-3.000 денари за една вечер.

Лежалките на плажа се 100-200 денари за еден ден, а користењето на базен ќе си го обезбедите со дневна карта од 300-400 денари, зависно каде се наоѓате.

Од занимливи авантуристички активности, купете си еднодневна карта за риболов на Дојранско Езеро, или нуркајте со специјална опрема во Охридско Езеро во близина на архелошкиот објект „Музеј на вода” (цените се движат околу 3000 денари по лице), возете се со катамаран (цената е околу 1.500 денари за половина час), посетете го Лесновскиот, Осоговскиот или Бигорскиот Манастир, секогаш гостоприливи за туристи, изобилството на цркви во стариот дел на Охрид.

kolku-me-cini-eden-vikend-niz-makedonija-02.jpg

Планински викенд туризам

Доколку сте ориентирани за малку повисока надморска височина, одберете го комплексот Кораб Трница, падините на Шара, или Маврово. Нема да згрешите. Нарачајте си богат доручек, топла пита, качамак, галичко сирење,  кисело млеко и нема да згрешите.

За ручек почестете се со печено месо или риба на жар. Ресторанските услуги се поскапени во просек за 10-20% што не е воопшто малку, земајќи предвид дека услугата и големината на порцијата останале исти. 

Доколку сте авантурист по природа, возете велосипеди по планини, направете тура со јавање коњи (цените се движат околу  1500 денари по човек),  пешачете покрај Беровската Брана. 

kolku-me-cini-eden-vikend-niz-makedonija-04.jpg

Посетете го Крушево и вечниот дом на Тоше Проески. Купете сувенир. Дава посебен мир и спокој. Тука се и Вевчанските водопади кои се глетка од која снемува здив. Секако, Вевчанското лето е на прагот да започне, па ќе имате можност и за дополнителна културна програма.

kolku-me-cini-eden-vikend-niz-makedonija-03.jpg

За крај, покрај импресиите, почестете се со добропознатото масло од лешник од Струшкиот регион кое е лек за многу болести, купете си колбаси од околината на кичевско, па мавровско сирење и урда, како и мед од беровскиот крај.

Доколку не сте во можност да одвоите повеќе финансии за викенд, тогаш направете си пикник во најблиската природа и уживајте во мирисот на зеленилото, спокојот и чистиот воздух или разладете се во некој аква парк или базен и релаксирајте се.

Викендот трае цели 48 часа, затоа убаво испланирајте го друштвото и времето и уживајте во убавините што ги нуди нашата земја!

М. У. Т. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg