Jалова – скриеното приморско село што го нарекуваат грчко Мајами, идеално за посета во август или во септември

Приморското село Jалова сместено на западниот брег на островот Пелопонез е идеално место за одмор во втората половина на август или во септември. Заради кристално чистите плажи, природниот резерват и природните убавини, ова место го носи епитетот грчко Мајами.

gialova-skrienoto-primorsko-selo-shto-go-narekuvaat-grchko-majami-idealno-za-poseta-vo-avgust-ili-vo-septemvri-01.jpg

Приморското село Jалова (Gialova) е едно од помалку познатите туристички места на островот Пелопонез, а угледниот британски весник Guardian го вклучи во својата сторија за скриените убавини на Грција. Селото е атрактивно за посета во август, па дури и во септември.

Убавите плажи, природната убавини и уникатната атмосфера во селото прават местото да наликува на засебен остров на островот Пелопонез.

Јалова е релативно блиску до Атина па нема да има потреба да купувате билети за траект. Оддалеченоста од главниот град на Грција до приморското село е околу 270km или околу 3,5 часа патување со автомобил.

Јалова е препознатливо по Јалова лагуната, но и по природниот резерват. Местото кон крајот на август и во септември станува важна точка за миграција низ која поминуваат над 200 видови птици кои патуваат кон југ за да презимат, а задолжително ја посетуваат бистрата лагуна.

Освен што можете да уживате во околните плажи, местото е релативно блиску и до голем број историски споменици на западниот брег на Пелопонез, а во близина се и познатите водопади Полимни, но и областа Месинија каде има околу 15 езера кои заради нерамната површина креираат водопади.

Заради длабочината на езерата, водопадите се сметаат дека не се погодни за деца и треба особено да бидете внимателни.

Што се однесува до плажите во близина на Јалова, можеби најпозната е кружната плажа Voidokolia која мами воздишки со кристално чистата вода, а во близина е и плажата Romanos, што нуди неповторлив поглед на Јонското Море.

Еден дел од плажата е организиран, а друг е див за оние кои сакаат да си лежат на песок.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...

Најчитани неделава