„Го посетив Дубаи – што треба да знаете пред да отидете првпат?“

Вреди да најмите туристички водич, во зима времето е одлично за шетање и задолжително посетете ја пустината.

go-posetiv-dubai-vo-januari-shto-treba-da-znaete-ako-odite-prvpat-01.jpg

Изминативе неколку години Дубаи стана популарна атракција за туристите од целиот свет, вклучувајќи ги и Македонците.

Дубаи е еден од најголемите и најлуксузните градови во Обединетите Арапски Емирати и нуди по нешто за сечиј вкус.

Но, бидејќи станува збор за огромен град со култура која нам ни е малку непозната, може да се чувствувате изгубено кога ќе го посетите првпат.

Затоа, Американката Рејчел Дуб, која била во Дубаи во јануари годинава, споделува неколку совети за туристите кои  допрва ќе одат таму:

Нејзините совети во продолжение:

Дубаи е одлична дестинација за зимските месеци

Времето во Дубаи е пријатно во текот на целата година, а Рејчел смета дека е можеби најубаво во периодот од ноември до март.

Таа го посетила Дубаи во јануари и температурата на воздухот се движела од 23 до 26 степени.

Влажноста на воздухот била многу мала и времето било одлично за шетање.

„Температурата беше совршена и кога бев во градот, и кога одев во пустината. Имаше слаб ветар покрај морето, но не ми требаше јакна во текот на денот.

Летните фустани што ги носев беа совршени, но препорачувам да понесете јакна или нешто на долги ракави бидејќи навечер може да биде постудено“.

go-posetiv-dubai-vo-januari-shto-treba-da-znaete-ako-odite-prvpat-02.jpg

Има многу активности за туристи

Рејчел истакнува дека била изненадена од големината на Дубаи и активностите достапни на туристи.

А, бидејќи има премногу активности, таа советува да си направите план пред да одите.

„Препорачувам да ја видите Бурџ Халифа (највисоката зграда во светот), да одите на панорамското тркало и шеталиштето Jumeriah Beach Residence Wаlk.

Навечер прошетајте околу трговскиот центар Dubai Mall за да го видите шоуто на фонтаната и светлата околу Бурџ Халифа“.

go-posetiv-dubai-vo-januari-shto-treba-da-znaete-ako-odite-prvpat-03.jpg

Дубаи има богата историја и богата култура

Покрај модерните атракции, Рејчел вели дека мора да го видите и историскиот дел од градот.

„Некои делови од градот се иновативни и нови, но постарите области ги прикажуваат историјата и културата. Тоа што ги видов двете ми помогна да ја разберам еволуцијата на градот“.

go-posetiv-dubai-vo-januari-shto-treba-da-znaete-ako-odite-prvpat-04.jpg

Вреди да отидете до Абу Даби

Еден ден од патувањето Рејчел отишла до Абу Даби – главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Градот е оддалечен околу час и пол со автомобил од Дубаи, и дефинитивно вреди да се види.

go-posetiv-dubai-vo-januari-shto-treba-da-znaete-ako-odite-prvpat-05.jpg

Можете да најдете секаква храна

Покрај локалната кујна, Рејчел вели дека во Дубаи ќе најдете јадења од целиот свет.

„Во Дубаи ја имаше секоја кујна што можам да ја замислам – од италијанска до кинеска. Но, иако сè што пробав беше вкусно, храната знае да биде скапа“.

go-posetiv-dubai-vo-januari-shto-treba-da-znaete-ako-odite-prvpat-06.jpg

Уште пет совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg