„Dark Tourism“: Нов тренд во патувањето кој предизвикува негативни чувства, но станува многу популарен

Терминот Dark tourism односно Мрачен туризам бил измислен во 1996 година од професорите Џон Ленон и Малколм Фоли. Овој вид туризам, или Танатуризмот, како што понекогаш се нарекува во академската заедница, се однесува на места поврзани со смрт, катастрофа и уништување. 

dark-tourism-nov-trend-vo-patuvanjeto-koj-predizvikuva-negativni-chuvstva-no-stanuva-mnogu-popularen-01.png

Во последните години, интересот за овие локации е зголемен, иако смртта, страдањето и туризмот се поврзани со векови, особено во контекст на војување, овие локации привлекуваат посетители од раните 1800-ти, па наваму.

Зошто овој туризам е толку популарен? Зошто избираме да посетуваме места на смрт и трагедија? Што е тоа што нè привлекува кон таква тага?

За многумина е важно да се вклучат во минатото на една историја и култура, па со посета на мрачните туристички места, луѓето си даваат време да размислуваат за историјата.

Мотивациијата произлегува од образовните цели, желбата да се разберат минатите работи, додека другите мотивации произлегуваат од желбата да се доживее нешто различно или ново.

Овој туризам има блиски врски со образовниот туризам. За многу луѓе ова е доминантна, ако не и нивна главна мотивација за патување. Иако ова патување можеби не е среќно и слободно искуство, многу луѓе уживаат во едукативниот аспект што доаѓа со него.

Многумина уживаат кога го посетуваат Чернобил или познати гробишта и места од Втората светска војна во Берлин и Полска.

Различни форми на мрачен туризам

Музеи кои ја прикажуваат смртта или симболите на смртта на некој начин

Популарните музеи-зандани Dungeon (во Лондон и Париз) кои им овозможуваат на посетителите да ги „оживеат“ ужасите на еден град низ неговата историја.

Учество или набљудување на симулација на смртта

Реактивирање на познати битки, сведочење на јавни смртни случаи, ова би вклучувало и активности како гладијаторска борба.

Посети на спомен-локалитети

Ова опфаќа гробишта, патување до места на индивидуална или масовна смрт и/или трагедија. Ова ги вклучува местата на познати луѓе и домовите на масовните убијци, како и меморијални локации за геноцид споменици на холокаустот и логори за истребување.

Неколку познати дестинации во Европа за мрачен туризам

Замок Корвин, Романија

Катакомби во Париз, Франција

Костурница Седлец, Чешка

Повеља, Италија

Зандана (Dungeon) во Амстердам, Холандија

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава