Тоа излежување во малото гратче Едипсос, во пределот помеѓу врелите термални извори и студеното море на почетокот од мај, пронаоѓајќи си „катче“ со температура совршена за мој вкус ме релаксираше како доооолг летен одмор. Плус Атина... Да, гласна е и прединамична за мој вкус, но е и магична, неверојатна со ремек дела за очи, со руф топови и магични соседства за душа. Вистинска комбинација!