Брижит Нилсен - платинеста русокоса која роди дете на 54 години и има 39-годишен сопруг

55-годишната Брижит Нилсен со потекло од Данска е докажана актерка, модел и пејачка, но и мајка на 5 деца.

brigitte-nielsen-platinesta-rusokosa-koja-rodi-dete-na-54-godini-i-ima-39-godisen-soprug-001.jpg

Петтото дете го роди на 54-годишна возраст, а фотките со нејзината ќеркичка Фрида станаа вирална сензација на Инстаграм.

Заедно со нејзиниот 39-годишен сопруг Матија Деси станаа родители благодарение на замрзнатите јајце клетки уште на 40-годишна возраст.

Парот се запознал во 2004-та година, а од 2006-та година се во брак.

Брижит отворено зборува за ризичната одлука да стане мајка во шестата деценија од животот:

„Некои жени мислат дека сум престара и ги разбирам оние кои се прашуваат како сум се осмелила? Но, колку мажи добиваат деца во нивните 60-ти и 70-ти години, па никој не се прашува зошто или како?

Разбирам дека некои луѓе се скептични. Тотално ги разбирам. Но, исто така и целосно го прифаќам фактот дека не на сите им се допаѓа мојата одлука и не се согласуваат со неа. Сепак, се работи за мој живот.“

Како изгледа сега 55-годишната платинеста русокоса со нејзината најмлада 4-месечна ќеркичка?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава