Ние, немајките, понекогаш на децата им даваме купечка кашичка

Ние, немајките, знаеме на детето да му дадеме телефон и да му пуштиме цртан само за на мира да отидеме во тоалет или ете, можеби, да изгледаме една епизода од омилената серија.

nie-nemajkite-ponekogas-na-decata-im-davame-kupecka-kasicka-001.jpg

Ние, немајките, не праќаме по 14 пораки кога ќе го оставиме детето само со таткото или тетката.

Ние, немајките, по 13 месеци престануваме да го доиме детето, бидејќи немаме ниту сила, ниту нерви, иако млеко има за уште три деца.

Ние, немајките, во тоалет остануваме по 5-6 минути подолго отколку што треба, само за да го прочитаме текстот сочуван пред 3 дена или неколку страни од книгата која никако да ја дочитаме.

Ние, немајките, дури и за викенд одиме на кафе со пријателките, иако тоа се неработни денови кога можеме да бидеме со детето 24 часа.

Ние, немајките, го носиме детето во кафуле во кое некој може и да запали цигара, а се молиме на сите божества по пат натаму бебето да заспие, како би можеле да го испиеме кафето на раат.

Ние, немајките, понекогаш плачеме бидејќи веќе не можеме да стануваме навечер.

Ние, немајките, понекогаш на детето му купуваме кашичка и го храниме со неа без грижа на совест.

Ние, немајките, немаме тетка која има крава за млеко, која знае дека не помирисала ништо што е прскано.

Ние, немајките, немаме мини градина на тераса и не користиме сол од Хималаите и цимет од Цејлон.

Ние, немајките, понекогаш детето го бришеме со влажно марамче.

Ние, немајките, не мислиме дека знаеме апсолутно сè и не го вперуваме прстот во другите мајки кои прават нешто (не)правилно.

Ние, немајките, не носиме раствор за дезинфекција во торбата.

Ние, немајките, немаме на социјалните мрежи околу 1001 фотографија од детето и на кафе со другарките имаме и други теми за разговор, освен децата. (ужас, знам)

Ние, немајките, понекогаш сакаме да изгледаме еден филм со сопругот без 12 прекинувања, не дај боже спонтан секс или пиење кафе кое трае повеќе од 45 секунди.

Ние, немајките, понекогаш кукаме, се жалиме и имаме чувство дека повеќе не можеме да издржиме.

Ние, немајките, најмногу на целиот свет си ги сакаме своите деца.

И не знам како, но ете, мојава малечка е постојано насмеана, зборлива, трча, јаде сè што ќе ставам пред неа, ме сака, ме гали, секој ден напредува и не е неќерка, иако има немајка.

Излегов од тој натпревар за најдобра мајка во моментот кога сфатив дека мојата Лола нема да ја знае азбуката на 13 месеци и нема да се вози со авион на 3 години.

Каква е – таква е, моја е. А, јас нејзина. Засекогаш. Ќе видиме какви ќе излеземе и двете.

Совршени мајки, немојте многу да ме осудувате. Ќе преживееме некако и ние две, не се грижете.

Немајки, се гледаме некаде на кафе. Или во кафана.

П.С. Не мора баш секое мислење да се поклопи со вашето. Во тоа е убавината на животот.

Извор

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg