Игри за стимулација на говорот кај децата со логопед Симона В. Николовска

Познато ни е дека играта е највисоката форма на истражување и единствениот начин преку кој децата најлесно учат нови вештини.

igri-za-stimulacija-na-govorot-kaj-decata-so-logoped-simona-v-nikolovska-01.jpg

Бебињата од самото раѓање ги слушаат опкружувачките зуци, па многу е важно од првиот ден да го изложите бебето на најразлични звуци, да му зборувате, да му пеете, да му пуштате музика па дури и да му читате.

Но, кои игри и начини, да ги користите за да го стимулирате развојот на говорот кај децата?

Секојдневието ни е исполнето со активности и случувања, кои Вие како родители треба да ги користите во насока на говорна стимулација.

Имитирајте ги звуците на животните и природата, ономатопејата е многу важна во почетокот на прозборувањето кај дечињата. Кога шетате со бебето, свесно следете ја околината и коментирајте ја гласно, драматизирајте и направете му на бебето да му е интересно. Ако видите маче, покажете му го мачето и имитирајте го звукот кој го прави.  Ако видите автомобил, неколку пати повторете дека е тоа автомобил и дека прави “Бррм”.

Кога сте дома, користете ги секојдневните активности, кои навидум можеби Ви изгледаат смешно, но се начин и техника за стимулација на детето. Кога миете раце објаснете што правите, кога јадете драматизирајте колку е вкусно јадењето, испуштајте различни звуци и забавувајте се.

Учете ги деловите на телото со многу повторувања на себе, на бебето и на некоја играчка.

igri-za-stimulacija-na-govorot-kaj-decata-so-logoped-simona-v-nikolovska-02.jpg

Како игровна стимулација може да ги користите и звучните и незвучните играчки.

Редете сложувалки за сортирање, по боја или форма, но не очекувајте детето да ги кажува, секогаш Вие именувајте ги.

Пејте песнички со рими, танцувајте, забавувајте се.

Играјте пред огледало, правете најразлични фаци и испуштајте најразлични звуци, децата тоа го сакаат и најлесно учат низ спонтана игра со многу повторувања.

Многу повеќе игри и техники може да најдете во Среќичка водичот за стимулација на говорот на бебиња од 6 – 12 месеци и водичот за стимулација на говорно – јазичните вештини кај деца кај кои развојот на говорот доцни 18+м. 

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: На тема: „Зошто моето дете сè уште не зборува?“ со логопедот Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg