„Моите родители се мразеа, останаа во брак само поради нас, децата - тоа е најужасната работа што ја направија“

„Јас не сум во брак, но една работа која никогаш нема да ја направам е да останам во брак поради децата. Моите родители се мразеа, но остануваат заедно наводно за наше добро. Се сеќавам јас и сестра ми како ги молевме да се разведат...“

moite-roditeli-se-mrazea-ostanaa-vo-brak-samo-poradi-nas-decata-toa-e-najuzhasnata-rabota-shto-ja-napravija-01_copy.jpg

Како бракот на вашите родители влијае/ше на вашите гледишта за бракот?

Дали тоа беше хармонична заедница каква си посакувавте или пак беше пеколен однос за кој се молевте да заврши со развод?

Луѓе на „BuzzFeed“ споделуваат како бракот на нивните родители влијаел врз нивните гледишта за бракот.

Дел од приказните и искуствата:

„И моите родители и родителите на партнерот се разведени. Нашите мајки се нарцисоидни и претставуваат дека сопрузите се 100% виновни за разводот.

Ние со партнерот не сакавме да се венчаме, но на крајот одлучивме и сега сме 7 години во брак. Клучот на нашиот брак е комуникацијата и почитта“.

„Моите родители се разведоа кога бев во основно училиште. Мајка ми беше светица, а татко ми ја изневеруваше.

Таа никогаш не дозволи да ја видам вознемирена, никогаш не викаше, освен еден ден кога очигледно беше готова со трпење. Но, тоа еднаш толку ме вознемири што сега, дури и кога имам конфликт со партнерот, правам сè што можам за да го намалам тонот на гласот, едноставно непријатно ми е викањето“.

„Јас не сум во брак, но една работа која никогаш нема да ја направам е да останам во брак поради децата.

Моите родители се мразеа, но остануваат заедно наводно за наше добро. Се сеќавам јас и сестра ми како ги молевме да се разведат, па едно правило кое си го зацртав во главата е ако не го сакаш партнерот, не останувај со него“.

„Мајка ми спиеше постојано со нас децата на спална, а татко ми на каучот во дневна. Беа како цимери, а не брачни сопружници.

Јас не сакам таков однос, јас сакам здрав брак полн со љубов, во кој еден на друг со сопругот ќе си покажуваме емоции и ќе ги научиме нашите деца како треба да изгледа еден брак“.

„Јас не сум во брак, а пораснав со неверојатно религиозни родители, па тие имаа многу погледи со кои јас не се согласувам. На пример за нив разводот никогаш не беше опција, па дури и кога има неверство и злоупотреба.

Тие мислат дека ако на пример партнерот физички ме злоупотребува треба да се разделам од него, но не и да се разведам бидејќи нас Господ нè споил, но јас не верувам во тоа, а ако маж ме изневери, веднаш му кажувам збогум“.

„Мајка ми во детството толку многу ми се жалеше од татко ми што направи да го гледам татко ми со други очи, ме раздалечи од него и ни ја уништи врската.

Јас нема никогаш да се жалам од сопругот на други луѓе, нема да му зборувам зад грб, тоа не е начин. Единствената личност за која ќе зборувам со мојот сопруг е мојот сопруг.

Сакам така да биде во двете насоки, да ме почитува, а не да ме озборува пред други луѓе“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава