Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’

„Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме децата да чекаат тие секогаш ќе очекуваат да добијат сѐ што ќе посакаат“ – вели познатиот српски неврофизиолог Ранко Рајовиќ. Погледнете на што треба да обрнете внимание пред да ја купите играчката за која вашето дете вреска и се валка по подот.

srpskiot-doktor-rajovikj-so-tvrdenje-postojanoto-kupuvanje-igrachki-za-decata-ne-e-ljubov-toa-treba-da-nauchi-da-cheka-01.jpg

Српскиот шеф на катедрата за неврофизологија и автор на познатата NTC програма, професор доктор Ранко Рајовиќ, гостуваше во поткаст на една српска телевизија каде говореше на разни теми околу развојот на децата, а еден поголем дел од емисијата беше посветен на темата играчки.

„Играчката за детето вреди толку колку што ја чекало, не треба постојано да им даваме играчки, тоа не е во ред“ – појаснува тој.

srpskiot-doktor-rajovikj-so-tvrdenje-postojanoto-kupuvanje-igrachki-za-decata-ne-e-ljubov-toa-treba-da-nauchi-da-cheka-02.jpg

Тој коментира дека родителите мора повеќе да обрнат внимание на тоа колку многу активности им наметнуваат на децата и вели дека наместо тоа, најдобра е обичната игра во паркови и со играчки, со сликовници и книги.

„Јас би сакал на родителите да им дадам совет да сфатат што е играчката. Ние некогаш имавме правило ‘голем празник, голем подарок’, па ни носеа салфетки кога мама и тато си доаѓаа од пат, па кога ќе дојде роденден ни купуваа џамлии или сликички.

Денес тоа веќе го нема“ – вели тој и дополни дека џамлиите биле добри затоа што биле скапи, па секое дете имало околу 20-тина џамлии и морало да води сметка дали го загубило, да размислува и да биде сконцентрирано.

srpskiot-doktor-rajovikj-so-tvrdenje-postojanoto-kupuvanje-igrachki-za-decata-ne-e-ljubov-toa-treba-da-nauchi-da-cheka-03.jpg

Професорот понатаму се осврна и на проблемот со прекумерното купување играчки што е некоја нова норма на денешното време, кога играчките се релативно евтини и лесно достапни.

„Родители, научете го детето да чека, да биде трпеливо. Тука можеме да кажеме дека да не постоеше ‘Дедо Мраз’ тој сигурно требаше да биде измислен, затоа што децата постојано бараат нешто, а некои родители постојано купуваат и така покажуваат љубов.

srpskiot-doktor-rajovikj-so-tvrdenje-postojanoto-kupuvanje-igrachki-za-decata-ne-e-ljubov-toa-treba-da-nauchi-da-cheka-04.jpg

Тоа не е љубов. Исполнувањето на желбите на детето не е љубов. Ние морам да го подготвиме за животот. Ако ние не ги научиме на тоа, тие секогаш ќе сакаат веднаш да добијат сѐ што ќе посакаат и ако утре тоа не можат да го добијат следува висока фрустрација, а прагот на толеранција воопшто не постои“ – вели лекарот.

Што мислите вие? Треба ли веднаш да им се купуваат играчки на децата и колку треба да вредат играчките што се купуваат?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...

Најчитани неделава