6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца

Не им ставате крем со заштитен фактор

Можеби вие сте пораснале без крем со фактор и сметате дека на детето нема да му биде ништо ако си игра на сонце незаштитено.

Но, бројни понови истражувања покажуваат дека честата изложеност на сонце без соодветна заштита го зголемува ризикот од рак на кожа.

Покрај тоа, изгорениците од сонце не само што се болни, туку можат да предизвикаат и низа други проблеми, како инфекции.

А, не заборавајте дека детската кожа е многу понежна и почувствителна.

Затоа, секојпат кога е сончево и детето излегува надвор, ставете му крем со фактор.

6-raboti-so-koi-roditelite-nesvesno-im-shtetat-na-svoite-deca-05.jpg

Не му купувате детска паста за заби

Постои причина зошто постојат специјални пасти за заби наменети за деца. Детските пасти за заби имаат многу помало количество флуор во нив.

За возрасните, флуорот од обичните пасти за заби не претставува проблем. Но, кај децата може да предизвика состојба позната како флуороза.

Оваа состојба има влијание врз емајлот на детските заби и може да го оштети.

6-raboti-so-koi-roditelite-nesvesno-im-shtetat-na-svoite-deca-06.jpg

Им ги чистите уште со стапчиња 

Ако внимателно го прочитате упатството на амбалажата на овие стапчиња, ќе забележите дека е нагласено да не се ставаат во увото, туку да се користат само за ушната школка.

Чистењето на внатрешноста со овие стапчиња не е многу ефикасно бидејќи со него само дополнително ги туркате нечистотиите во увото.

Со ова, пак, се зголемува ризикот од инфекции. А, истото важи и за децата.

Не заборавајте и дека ушниот восок постои со причина и им е потребен на ушите, па не треба да го отстранувате целосно.

Кога станува збор за деца, најбезбедно е да им ги избришете ушите со чиста крпа, веднаш по бањање.

6-raboti-so-koi-roditelite-nesvesno-im-shtetat-na-svoite-deca-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава