„Ќерка ми се жалеше дека соучениците ја нарекувале глупава и грда – Што направив?“

„За жал навредувањето и потсмевањето меѓу врсниците се нормализира и се нарекува ‘детски закачки’ и се игнорира. А на секој родител му е тешко да го гледа детето кое во таквите ситуации видно страда“ – вели авторката која раскажува како нејзиното дете со плачење си дошло дома откако соучениците ја навредувале.

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-01.jpg

Глупава, неубава, грда... Како да се справите со детето кое во плач се враќа дома откако ги слушнало овие зборови од соучениците и што можеме да направиме како родители за да го заштитиме сопственото дете?

Има ли влијание нашето однесување врз тоа како се однесуваат нашите деца и за тоа што очекуваат од соучениците и другарчињата?

Српската авторка и новинарка Александра Цвијетиќ за порталот „Зелена учионица“ напиша подолг текст каде го раскажува своето искуство со ќерката, која еден ден си дошла од училиште навредена и повредена од грдите зборови што ѝ биле упатени од соучениците. Како реагирала?

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

„Ќерка ми влезе од врата и како што секој родител знае, без да ми каже ниту еден збор, веднаш знаев дека нешто не е во ред.

‘Мила, што се случи?’

‘Мамо, другарките ми рекоа дека имам грда коса и дека сум глупава’ – ми рече и почна да плаче.

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-02_copy.jpg

На вакво нешто ретко кој родител е подготвен. Но, би требало да биде.

Првата работа што треба да ја имате на ум е да не му се придружите на емотивниот хаос и да не западнете во замката за напад врз другарките. Тоа ќе ја натера, утре кога ќе се смири со нив (а ќе се смири), да не биде искрена со вас.

Останав смирена и ја замолив да ми ги раскаже сите детали.

‘Кажи ми што точно се случи?’

Кога ми раскажа сѐ, најпрво ја прашав што мисли таа за себе? Дали верува во она што ѝ го кажале другарките?

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-03.jpg

Јасно беше дека таа не смета дека е глупава, но не можеше да разбере зошто тие би биле такви кон неа.

‘Не ми е јасно зошто? Зошто би рекле такво нешто?’ – ме праша низ солзи.

Веднаш ѝ кажав една важна вистина.

Децата се однесуваат така како што нив ги третираат саканите личности. Ако некој од другарите ти кажал дека си глупава, веројатно тоа е така, затоа што и нему тоа му го кажал некој друг близок’ – ѝ објаснив.

(Секако дека ова не е единствената причина заради која децата понекогаш така се однесуваат кон другарите, но е најчеста.)

‘Тоа што некој бил злобен со тебе, веројатно значи дека некој друг со него бил злобен претходно. Но, тоа не ги оправдува твоите другари и не значи дека имаат право да бидат такви кон тебе. Само ни помага да сфатиме дека тоа што го зборуваат и што го прават нема никаква врска со тебе’ – ѝ реков.

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-04.jpg

Цело време ја држев во скут додека разговаравме. Таа малку се смири, ме слушаше и климаше со главата. Видов дека сѐ ме разбра.

‘Ние можеме и би требало да можеме да ги разбереме причините зошто некој е лош кон нас, но не мораш да си играш или да се дружиш со некој што се однесува така кон тебе.

Тогаш можеш слободно и јасно да му кажеш: Нема да си играм, ниту пак ќе се дружам со тебе сѐ додека се однесуваш така!’ – ѝ реков и ѝ објаснив дека на тој начин треба да се одбрани себеси.

Во тој миг веќе ме погледна загрижено.

 ‘Но, мамо, што ако навистина не сакаат да си играат со мене? Што ако не ме сакаат повеќе?’ – ме праша.

‘Твојата задача не е да натераш некого да те сака. Твојата задача е да бидеш таква каква што си. Затоа што заслужуваш љубов токму таква каква што си, ниту полоша, ниту подобра’.

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-05.jpg

А еве ја најважната работа што секој родител треба да ја знае: Децата учат што да очекуваат во својот живот и какво однесување треба да толерираат, само врз основа на нивната врска со нас.

Ако ние сме љубезни, ако им покажуваме почит и разбирање, тоа ќе го очекуваат и од своите пријатели, учители, партнери... И истото ќе умеат да го дадат.

Меѓутоа кога ќе доживеат насилство, нашата задача е да ги охрабриме, да им помогнеме да разберат дека тоа понекогаш не е заради нив самите и да ги научиме да се изборат за себе.

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-06.jpg

И да биде веднаш јасно, ова е мојата реакција, лекција за првата таква ситуација.

Ако таквото навредување продолжи, без обѕир на нејзините обиди да се одбрани, секако дека и јас би реагирала.

Би разговарала со учителката, педагогот, директорот. Со кој и да треба.

Затоа што нашата работа не е да го нормализираме навредувањето и насилството. Нашата работа е да се осигуриме дека нашите деца растат и се образуваат во сигурно опкружување што ги прифаќа и ги цени.

kjerka-mi-se-zhaleshe-deka-souchenicite-ja-narekuvale-glupa-i-grda-shto-napraviv-08.jpg

За ова, за жал не се зборува доволно, а навредувањето и потсмевањето меѓу врсниците се нормализира и се нарекува ‘детски закачки’ и се игнорира. А на секој родител му е тешко да го гледа детето кое во таквите ситуации видно страда.

И тука се гледа силата на врската што сме ја изградиле со своето дете. Чувството на сигурност и поврзаност што го има со своите родители, на детето му дава сила да се соочи со лошите работи што доаѓаат од светот што го опкружува.

Затоа, ако некој го повреди вашето дете, најдобрата работа што можете да ја направите е да бидете нивно засолниште. Безусловно да ги сакате.

Да им дадете до знаење дека се вредни за внимание и љубов. Тоа е најдобар начин да им дадете сила да станат отпорни на сѐ лошо што ги стигнува кога ќе излезат од своето засолниште“.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава