8 особини со кои се истакнуваат поголемите деца во семејството

Поголемите браќа или сестри на рана возраст учат како брзо да ја проценат ситуацијата, да им дадат приоритет на задачите и да најдат ефективни решенија. Оваа рана обука за управување со кризи, во зрелоста често се претвора во одлични способности за решавање проблеми.

silnite-strani-na-postarite-brakja-ili-sestri-vo-semejstvoto-01.jpg

Искуството да растете како поголем брат/сестра често доаѓа со одредени одговорности, особено ако ви била доделена задача да се грижите за помалите.

Иако оваа улога во семејството може да има некои предизвици, исто така може да придонесе да развиете посилна личност.

Постарите браќа или сестри често ги поседуваат следниве силни страни, стекнати низ годините:

Исклучителни лидерски вештини

Растејќи, постарите браќа или сестри честопати се ставаат во улога на лидери, дури и ако не го побарале тоа.

Грижата за помладите во семејството обично вклучува и насочување на нивните активности, донесување одлуки, но и решавање конфликти.

Оваа рана изложеност на лидерство, во зрелите години често се претвора во природна способност да се преземе одговорност и да се водат тимови.

Стануваат многу трпеливи

Од врзување на врвките на чевлите, до справување со секојдневните задачи на најкомплексен начин, секојдневните предизвици кои ги создаваат помалите во семејството навистина бараат многу трпение.

Но, низ сите тие моменти, постарите браќа и сестри учат да бидат трпеливи.

Така, понатаму во животот тие сфаќаат дека понекогаш само треба да се повлечат и да ги остават луѓето да направат некои грешки.

silnite-strani-na-postarite-brakja-ili-sestri-vo-semejstvoto-02.jpg

Напредни комуникациски вештини

Постарите браќа и сестри често стануваат експерти за дешифрирање на потребите и желбите на нивните помали браќа и сестри.

Оваа способност за разбирање и одговор на невербалните знаци, понатаму во животот може да се претвори во супериорни комуникациски вештини.

Значи, ако сте го поминале вашето детство „дешифрирајќи“ ги вашите помали браќа или сестри и смирувајќи ги нивните кавги, најверојатно сте развиле некои прилично напредни комуникациски вештини.

Природна способност за решавање на проблемите

Поголемите браќа или сестри на рана возраст учат како брзо да ја проценат ситуацијата, да им дадат приоритет на задачите и да најдат ефективни решенија.

Оваа рана обука за управување со кризи, во зрелоста често се претвора во одлични способности за решавање на проблеми.

Без разлика дали се работи за справување со тежок проект на работа или за справување со лични предизвици, овие поединци често се вешти да ги најдат најдобрите решенија и ефикасно да ги имплементираат.

silnite-strani-na-postarite-brakja-ili-sestri-vo-semejstvoto-04.jpg

Голема емпатија и разбирање

Растењето како поголеми браќа или сестри значи секогаш да бидете до помалите, да ја делите секоја нивна пролеана солза, да станете нивна поддршка и рамо на кое треба да се потпрат.

Оваа длабока врска поттикнува високо ниво на емпатија и разбирање, што често е присутно и надвор од семејството.

Оваа карактеристика не ги прави само одлични пријатели и партнери, туку може да придонесе и за успех во нивната кариера.

Способност за извршување повеќе задачи одеднаш

Кога сте поголемото дете во семејството, честопати треба да ги завршите вашите задачи, но да не ги занемарите и помалите браќа или сестри.

Тоа постојано насочување на повеќе задачи одеднаш им дава на поголемите браќа или сестри уникатна способност за ефикасно справување со повеќе обврски одеднаш.

silnite-strani-na-postarite-brakja-ili-sestri-vo-semejstvoto-05.jpg

Издржливост пред предизвиците

Постарите браќа или сестри честопати се соочуваат со најразлични предизвици. Но, среде целиот тој хаос, постои предност, односно, постарите личности стануваат поиздржливи.

Тие учат како повторно да се воздигнат по неуспесите, како да се приспособат на непознати околности и да истраат дури и кога се соочуваат со неволја. Во зрелоста, оваа издржливост станува вистинско богатство.

Силно чувство за одговорност

Поголемите браќа и сестри имаат длабоко вкоренето чувство за одговорност. Уште од рана возраст тие ја сфаќаат важноста на почитувањето на обврските и давањето приоритет на потребите на другите, пред нивните.

Понатаму, во зрелоста тие се претвораат во сигурни пријатели, вработени, партнери…

silnite-strani-na-postarite-brakja-ili-sestri-vo-semejstvoto-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Најважните вештини кои детето ги учи во градинка (и се поважни од чување дома) Градинката не е само игра. Тоа е место каде детето првпат учи како да биде дел о...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
Драг мажу... Жал ми е што го добиваш она што останало од мене на крајот на денот, исцедена... „Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај. Испразнета од балансирање, од натега...
Поделба според години: На која возраст е најтешко да се патува со дете? Од 6–18 месеци: Најпредизвикувачки период, за кој ви се потребни силни нерви. Ов...

Најчитани неделава