Драг мажу... Жал ми е што го добиваш она што останало од мене на крајот на денот, исцедена...
„Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај. Испразнета од балансирање, од натегање. Добиваш издишка наместо разговор. Тишина наместо нежност. Не затоа што те сакам помалку. Туку затоа што ти си ми единственото место каде смеам да се распаднам“ - објава за секоја жена која го држи семејството со една рака, додека со другата брише солзи што никој не ги гледа...

Мајка од Србија, која често споделува совети за деца, неодамна напиша писмо до сопругот, во која се пронаоѓа речиси секоја друга жена која е мајка.
Ова е објава за секоја жена која го држи семејството со една рака, додека со другата брише солзи што никој не ги гледа:
Драг мажу...
Жал ми е што често го добиваш само она што останало од мене на крајот на денот.
Онаа верзија од мене која цел ден играла различни улоги.
Полна со трпение, разбирање, внимание.
Која носела, бришела, смирувала, објаснувала. Стопати го повторила истото.
Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај.
Испразнета од балансирање, од натегање.
Кога зборовите ми се потрошени, а мислите расеани.
Добиваш издишка наместо разговор.
Тишина наместо нежност.
Поглед во празно наместо искри.
Не затоа што те сакам помалку.
Туку затоа што ти си ми единственото место каде смеам да се распаднам.
Цел ден сум силна.
Пред децата. Пред светот. Пред обврските.
А ти си мојата издишка. Мојот крај на денот. Моето сигурно место.
Можеби не добиваш филмска љубов.
Не те дочекувам во фустан и со насмевка.
Не шепотам големи зборови.
Но ја добиваш онаа вистинската.
Во свареното кафе.
Во зачуваното последно парче од колачот.
Во пораката: Стигна ли?
Можеби не го добиваш најдоброто од мене.
Но ме добиваш цела.
И секој ден, јас те бирам тебе.
Во куќа полна со играчки, умор и недовршени разговори, ние и понатаму се бираме еден со друг.
И тоа е љубов.